-2 C
Pehčevo

    Општина Пехчево дел од акцијата ,, Македонија без отпад 2015“

    Датум:

    Aкција за собирање на отпад денес по четврти пат беше спроведена во општина Пехчево, како дел од проектот „Македонија без отпад 2015“ на Министерството за животна средина и просторно планирање и Асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија“.

    Акција Ајде Македонија
    Вработените во општина Пехчево, сезонските работници, образовните институции, комуналните претпријатија, но и сите оние граѓани кои се одзваа на повикот од општината, денеска, со почеток во 9 часот започнаа со активностите насочени кон чистење и развивање на свеста за правилно постапување со отпадот. Се чистеше на три локации во општината и тоа расчистување на отпад по тротоарските површини, во дворот на ООУ ,, Ванчо Китанов ‘‘ и во дворот на детската градинка ОЈУДГ ,, 7 Септември “

    Акција Ајде Македонија1
    ООУ. ,, Ванчо Китанов “ во рамките на националната акција “Македонија без отпад” активно учество зеде со три активности. Прво беше исчистено спортското игралиште во склоп на училиштето, кое од страна на наставниците и директорот беше детектирано дека има најмногу отпад. Втората активност беше Еко-патрола и поделба на брошури, додека третата активност беше работилница-изработка на предмети од материјали за повторна употреба.

    Акција Ајде Македонија3
    Целта на оваа еко акција за чистење на училишниот двор и собирање на отпадоците не е само активирање на сите ученици, туку и можност тие да научат повеќе за зачувување на животната средина и придобивките од здрава и чиста околина. Учесниците преку спроведувањето на оваа еко акција можат да ги споделат своите искуства и мислења во однос на акцијата и справувањето со отпадот, што би помогнало за подигнување на еко свеста кај учениците за еколошките навики и зачувување на хигиената во нивното училиште.

    Акција Ајде Македонија2
    Намерата е да се поттикне активирање на јавноста за чистење на расфрланиот комунален отпад, едукација за правилното отстранување, како и за штетите предизвикани од непланското фрлање отпад. Акцијата во Македонија вклучува комбинација на акции за чистење на околината, образовни програми за развој на свеста за позитивните практики на управување со разни видови отпад и промоција на одговорни навики поврзани со отпдаот.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...