0.9 C
Pehčevo

    Одржан Меѓународниот планинарски марш до Пехчевските водопади

    Датум:

    Во организација на Планинарското спортско друштво ,, Кадиица “ - Пехчево, вчера беше реализиран Меѓународен планинарски марш до Пехчевските водопади.

    Во организација на Планинарското спортско друштво ,, Кадиица “ – Пехчево, вчера беше реализиран Меѓународен планинарски марш до Пехчевските водопади.

    Планинарскиот марш до Пехчевските водопади е во функција на туристичката понуда на Пехчево и афирмација на убавите Пехчевски водопади како недопрена природна атракција.

    Во должина од 12 километри патеката беше совладана од сите учесници на маршот.

    Маршутата започна со посета на Спиковските водопади, продолжи со посета на водопадиот на месноста наречена Црн дол, а заврши со посета на преубавиот водопад викан Скокото и другите водопади на реката Брегалница.

    На планинарската тура, покрај планинарите од Пехчево, учество зедоа и планинарските друштва ,, Голачка срна “ од Делчево, ,, Маратон “ од Струмица, ,, Југ “ од Валандово, а годинашното издание на планинарскиот марш до Пехчевските водопади доби меѓународен карактер со учество на Туристичкото друштво ,, Осогово “ од Ќустендил.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...