Денеска во просториите на Општинската установа-Матична библиотека „Кочо Рацин“ се одбележа 23 Април – светскиот ден на книгата и авторското право.
„Ви посакувам добредојдовте во нашето скромно, мало, но пријатно и топло книжевно катче наречено библиотека“ им се обрати директорката на библиотеката Габриела Костадинова на гостите и децата од градинката 7 ми Септември и ООУ„Ванчо Китанов“. Таа пред присутните даде еден осврт од кога во Македонија се слави и празнува овој ден, истакнувајќи дека во 1995г во Париз од страна на УНЕСКО била донесена одлука и во Македонија 23 Април да се прогласи како светски ден на книгата и авторското право. И веќе 20 години скоро во сите библиотеки во Македонија се прави чествување на книгата. Овој ден традиционално се одбележува со подарување на книги и со читање на пораки посветени на книгата. Беа прочитани пораките од Ирина Бокова-генерален директор на УНЕСКО и македонската порака од Луан Старова.
На крајот директорката им подари сликовници на дечињата од детската градинка 7ми Септември и на учениците од второ одделение при ООУ„Ванчо Китанов“- Пехчево. Но исто така книги добија и гостите кои беа присутни таму.
Книга доби и градоначалникот на Општина Пехчево Игор Поповски кој исто така присуствуваше во библиотеката и беше дел од тој настан.