Како дел од пролетните активности на здружението ,, Ден на дрвото – Засади ја својата иднина ‘‘, вчера во образовните институции во Пехчево се одржа акцијата ,, Садница плус ‘‘.
Продолжувајќи го проектот децата од детската градонка ,, 7 Септември ‘‘ и учениците од основното училиште ,, Ванчо Китанов ‘‘, заедно со градоначалникот на општината, засадија желади во ровка земја и тие ќе го водат целиот процес од засадување на семки во чаши и ќе се грижат за одгледување до подигање на садници.
Активностите кои се дел од проектот за одбележување на Денот на дрвото ќе продолжат и во текот на целата година. Израснатите садници ќе бидат садени на есенската акција на ,, Ден на дрвото ‘‘ на различни локации.