Во пресрет на новогодишните празници најмладите во оваа установа, денес на нивната прослава ги посети градоначалникот на општина Пехчево, Игор Поповски. Традиционално како и секоја година така и оваа на децата од детската градинка “7 Септември“ – Пехчево, им подари новогодишни пакетчиња посакувајки им добро здравје и среќно детство.
Децата се заблагодарија на подароците и за присутните изведоа пригодна програма преку која ги искажаа сопствените желби за тоа што тие очекуваат да им донесе Дедо Мраз.
Градоначалникот Поповски не го криеше задоволството од фактот што неговата посета и подароците предизвикаа радост кај децата, на сите нив и нивните воспитувачки и негувателки им ја честиташе Новата година во која им посака да имаат многу здравје, среќа и успех во учењето и работата.
Дечињата од оваа градинка беа воедно и првите кои предвреме на градоначалникот му ги честитаа новогодишните и божиќните празници.