-2 C
Pehčevo

    Новогодишна честитка на градоначалникот Игор Поповски до граѓаните на Пехчево

    Датум:

    Градоначалник ПехчевоПочитувани сограѓани, ,
    Ценети пријатели.

    Празниците се момент за нова надеж и нова верба дека ни претстои подобра и поуспешна година за сите нас. Празниците се момент кога си посакуваме многу здравје, многу радост и многу среќа во годината што доаѓа.

    На прагот на новата година благодарни сме на сите граѓани на Пехчево, затоа што со секој наш поединечен успех, придонесуваме за заедничен успех, придонесуваме за земјата во целина, но и за достоинството на сите граѓани на општина Пехчево. Благодарни сме и на Владата на Република Македонија која ни овозможи оваа година да реализираме многу проекти, благодарни сме и на сите донатори кои дадоа свој придонес кон поквалитетен живот на граганите на Пехчево, реализација на многу проекти и разубавување на општината. Благодарни сме на сите оние кои ја сакаат и почитуваат нашата општина.

    И во престојната година ќе продолжиме со посветена и чесна работа, колку и да не навредуваат, дефокусираат, обвинуваат. Ние ќе опстоиме и ќе продолжиме силно напред, со нашата искреност кон секој граѓанин на општината. Ќе работиме како и досега доследни на кажаното и искрени кон својот народ. Ќе продолжиме да бидеме отворени за секој што го прифаќа нашиот начин на работа и нашите приоритети за подобро, поуспешно и просперитетно Пехчево. Ќе продолжиме со слога, разбирање и толеранција, да се движиме по зацртаниот пат на развој на нашата општина.
    Сите ние сме различни, но суштински сме еднакви. Секој од нас придонесува кон создавањето на сликата која другите ја имаат за нашата општина Пехчево. Претстојните празници се и можност да се потсетиме на вистинските вредности од кои произлегуваат нашите мисли и зборови, нашите дела и навики, но и нашата иднина.

    Затоа, да им се радуваме на малите нешта што ја чинат големината на животот. Да им го посветиме сето наше внимание, нашата љубов и почит на нашите семејства, на нашите деца, на нашите пријатели. Да ги споделиме добрите мисли и надежи со болните, со немоќните и со сите оние на кои им е потребна нашата утеха, помош и поддршка. Да продолжиме да се престигнуваме во добрина затоа што од нас самите зависи иднината на општината. Само со љубов, единство и слога, ние заедно можеме да го изградиме нашиот град, заедно можеме да ја реализираме нашата програма.

    Во претстојната 2016 година посакувам да ги оствариме сите планови за подобар живот, да бидеме здрави, работливи и вредни, посакувам секој од нас да се радува на своите успеси, како што тоа го правевме во годината која изминува. Да се радуваме на своите успеси во професијата, на успешниот работен ден. Да се радуваме на успесите во школувањето, на стекнатото знаење и проширените погледи кон светот. Посакувам да се радуваме на проширувањето на семејството и на семејните слави и веселби.

    Јас како градоначалник на општина Пехчево од мое лично име и од иметото на локалната самоуправа Ви посакувам пријатно и ведро расположение за време на престојните празници. Ова се празнични моменти исполнети со најдобри желби за здравје, спокој, оптимизам и разбирање. Моменти кога празничната атмосфера не прави, поблиски до нашите семејства и пријатели.

    Среќни Новогодишни и Божиќни празници, драги мои сограѓани.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...