11.5 C
Pehčevo

    Нашиот фолклорен бисер КУД.,,Јане Сандански“ гордо го преставува Пехчево во град Неделино-Р.Бугарија

    Датум:

    КУД,,Јане Сандански“

    Културно уметничкото друштво Јане Сандански од Пехчево од 2-6 септември ќе гостува во град Неделино Р.Бугарија. Нашите играорци таму заминаа на покана од општина Неделино како еден од најреномираните културно уметнички друштва во регионот. Тие во Неделино ќе се претстават со традиционални песни од сите делови на Македонија, како и традиционални ора од Малешевијата.

    Поради атрактивноста на игрите, сложеноста на ритмовите, како и богатиот колорит на носиите што го прават македонскиот фолкор особено интересен за публиката, настапите на КУД „Јане Сандански“ оставаат силен впечаток, за што редовно добиваат особено внимание кај организаторите на фестивалите.

    Куд,,Јане Сандански“

    -Ова е уште еден бисер во историјата на нашето друштво. Сметаме дека ова е еден од позначањите претставувања не само на нашето играорно друштво туку и на градот Пехчево и на Македонија, поради големината на фестивалот и регионот каде се одржува, а каде нашиот град немал многу можности за културна презентација, велат од КУД. ,,Јане Сандански “-Пехчево.

    Најстарото културно уметничко друштво во Пехчево, „Јане Сандански“, во своето опстојување има настапувано на повеќе фолклорни фестивали во Европа, успешно презентирајќи ја македонската песна и игра.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево за 2024година

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево...

    ПРОГРАМА – Ј7 за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина Пехчево за 2024 година

    ПРОГРАМА - Ј7 за одржување на јавно зеленило на...

    Програма за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрираникучиња за 2024година

    ПРОГРАМА за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и...