12.6 C
Pehčevo

    Над четири илјади нови наслови стручна литература за беровската гимназија донација од градоначалникот Поповски

    Датум:

    Библиотеката на берoвската гимназија од денеска е  побогата за 4,5 илјади наслови од областа на природните и општествените науки, а стручната литература е донација од градоначалникот на Пехчево, Игор Поповски, обезбедени преку проект на Владата на Република Македонија.
    книги донација
    Поповски истакна дека овие книги се во полза и на учениците и на наставниците.
    -Овие книги ги даваме на користење на гимназијата во Берово за да бидат во полза и на учениците, но и на наставниците, а целта ни е да се направи една богата школска библиотека во гимназијата, а посебно потенцирам дека дел од овие книги ќе бидат ставени на располагање и на учениците од дисперзиранит паралелки во Пехчево, каде во моментов се реконструираат просториите каде е планиран и посебен простор за современа библиотека, рече Поповски.
    За директорот на СОУ „Ацо Русковски“ од Берово, Гоце Џалевски, новите наслови од стручна литература се предуслов за поголеми знаења на средношколците.
    -Тие книги можат да се користат и во наставата, но и кога учениците се подготвуваат за натпревари. Ние имаме голема библиотека каде се застапени 25 илјади наслови, но немавме доволно стручна литература, рече Џалевски.
    Инаку, новата зграда каде ќе следат настава пехчевските средношколци од дисперзираните паралелки на беровската гимназија е во фаза на реконструкција која треба да заврши до Нова година. Реконструкција на зградата чини 9 милиони денари,а средствата се обебзедени до Минситерството за образование.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево за 2024година

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево...

    ПРОГРАМА – Ј7 за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина Пехчево за 2024 година

    ПРОГРАМА - Ј7 за одржување на јавно зеленило на...

    Програма за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрираникучиња за 2024година

    ПРОГРАМА за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и...