4.4 C
Pehčevo

    Климата се менува, од нас зависи

    Датум:

    Во име на Проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени, Милиеуконтакт Македонија има чест и задоволство да Ве покани да присуствувате на претстојната кампања за подигнување на јавната свест за климатските промени и нивните влијанија врз локалната средина, која во Пехчево ќе се случи на 23 октомври со почеток во 13 часот на Градскиот плоштад во Пехчево (во случај на временски неприлики во Спортската сала).

    Во име на Проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени, Милиеуконтакт Македонија има чест и задоволство да Ве покани да присуствувате на претстојната кампања за подигнување на јавната свест за климатските промени и нивните влијанија врз локалната средина, која во Пехчево ќе се случи на 23 октомври со почеток во 13 часот на Градскиот плоштад во Пехчево (во случај на временски неприлики во Спортската сала). Иако сите се добредојдени, кампањата која ќе се реализира во наредните пет викенди под мотото “Климата се менува, од нас зависи” таргетира млади луѓе на возраст меѓу 10 и 17 години во десетте општини каде што се спроведува Проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени: Студеничани, Пехчево, Делчево, Виница, Богданци, Кривогаштани, Прилеп, Боговиње, Маврово Ростуша и Теарце. Кампањата ќе трае до 15 ноември. Очекуваме кампањата да ја подигне свеста кај младите луѓе за глобалните климатски појави и нивните негативни ефекти врз локалната средина. Преку кампањата, младите ќе бидат информирани за начините на човековото однесување кои во голема мера придонесуваат до појава на климатските промени, како и за индивидуалните напори со кои сите ние можеме да ги намалиме нивните негативни ефекти на локално ниво. Двочасовните настани, кои се дел од кампањата во секоја општина, ќе бидат предводени од популарните медиумски личности Жарко Димитриоски, автор и продуцент на емисијата “Еден На Еден”, Бранко Огњановски, поранешен член на “К-15 “и Нертила Дика, поранешна водителка на Алсат-М Телевизија. Преку интерактивен пристап, водителите ќе се потрудат да покренат интерес кај младата публика да земе активно учество во иновативните игри и лекции на тема климатски промени. Нашата порака е: климатските промени и уништувањето на животната средина во голема мера се резултат на човековото однесување и затоа преку нашите индивидуални напори сите ние можеме да ги намалиме глобалните закани од климатските промени и со тоа да им помогнеме на нашите локални заедници. Локалните граѓани, исто така, за прв пат ќе се запознаат со единствената еколошка училница на тркала во Македонија – зелениот камион, како еден од уникатните елементи во рамките на кампањата на проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени. Проектот се спроведува од страна на Милиеуконтакт Македонија во партнерство со 10 граѓански организации и 10 општини во Македонија. Ќе ни претставува особена чест доколку ја прифатите нашата покана за присуство на Кампањата за подигнување на јавната свест за климатските промени “Климата се менува, од нас зависи”.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Втора форумска сесија за Буџет на Општина Пехчево за 2025 година

    По оддржувањето на втората форумска сесија за Буџет на...

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила за малите пешаци“

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила...

    Покана за втора форумска сесија за буџетот на Општина Пехечево за 2025

           Почитувани граѓани,        Вашето мислење е важно!        И Вие...