4.6 C
Pehčevo

    Јавен повик – За вклучување на 1 (еден) волонтер во активностите на општина Пехчево

    Датум:

    logo

    Врз основа на член 6 став 4 од Законот за волонтерство (Сл. весник на Р.Македонија бр.85/07) член 50 став 11 од Статутот на општина Пехчво (Сл. гласник на општина Пехчево бр. 04/09) и врз основа на Програмата за волонтерство на општина Пехчево бр. 01-827/1 Градоначалникот на општина Пехчево распишува:

    Ј А В Е Н   П О В И К

    За вклучување на 1 (еден) волонтер во активностите

    на општина Пехчево

    Заинтересираните кандидати кои се невработени имаат завршено Архитектонски или Градежен факултет VII или 240 по ЕКТС и сакаат да го надополнат своето знаење преку практична работа во општина Пехчево потребно е да достават:

            ЦВ ( Лична биографија) и мотивационо писмо;

            Копија од уверение за завршено образование;

              Потребните документи заинтересираните кандидати треба да ги достават лично или по пошта на адреса Општина Пехчево – Градоначалник  бул. Борис Кидрич бр.8    Пехчево со назнака за јавен повик за волонтери. Јавниот повик трае 7 дена од денот на објавувањето(не сметајќи го и денот на објавувањето). Изборот на волонтери ќе биде извршен за 7 дена по завршувањето на јавниот повик.

    Општина Пехчево

    Градоначалник

    Игор Поповски

     


    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...