ЈАВЕН ПОВИК
за пријавување на лица
– за член на Управен одбор во ЈКП ,,Комуналец” Пехчево (едно лице);
Кандидатот за член на Управниот одбор мора да ги исполнува следниве
услови:
– е државјанин на Република Северна Македонија,
– има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен
образование
– во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена
казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или
должност
Освен овие услови, членот на управниот одбор во јавното претпријатие треба да има
најмалку пет години работно искуство од кои:
– најмалку еден член на управниот одбор со работно искуство од областа на
финансиско работење или
– најмалку еден член на управниот одбор со работно искуство од областа на правните
работи
Времетраење на мандат: четири години, со право на уште еден
последователен мандат.
Се поттикнуваат кандидатите што ги исполнуваат наведените услови, покрај
наведените законски потребни документи, да достават соодветно мотивациско
писмо (во слободна форма) и кратко CV (кратка биографија) во затворен плик со
назнака „НЕ ОТВОРАЈ – ЗА ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЧЛЕН НА УПРАВЕН ОДБОР ВО
ЈКП КОМУНАЛЕЦ ПЕХЧЕВО,, во Архивата на Општина Пехчево, во рок од 5 дена
од објавувањето на овој повик.
Комисијата за селекција за проверка на податоци по јавниот повик, по пат на
административна селекција и интервју, подготвува и доставува предлог листа од
најдобро рангираните кандидати до Советот на општина Пехчево.
Советот на општина Пехчево во рок од 15 дена од доставувањето на
предлогот, ќе изврши соодветен избор од предложените кандидати и ќе донесе
одлука за именување на член на Управен одбор во ЈКП ,,Комуналец” Пехчево.
Јавниот повик ќе биде објавен на веб-страната на општина Пехчево, огласната
табла на општина Пехчево и веб-страната на ЈКП ,,Комуналец” Пехчево.
Совет на општина Пехчево
Претседател
с.р. Миле Гошевски
ПРЕВЗЕМИ ДОКУМЕНТ ->
Јавен оглас за член на Управен одбор во ЈКП Комуналец - Пехчево
