4.3 C
Pehčevo

    Јавен оглас за член на Ндзорен одбор во ЈКП Комуналец – Пехчево

    Датум:

    ЈАВЕН ПОВИК
    за пријавување на лица

    –          за член на Надзорен одбор во ЈКП ,,Комуналец” Пехчево (едно лице);
    Кандидатот за член на Надзорен одбор за контрола на материјално
    финансиското работење, мора да ги исполнува следниве услови:
    –  е државјанин на Република Северна Македонија,
    –   има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен
    образование од областа на правните науки, економските науки или од областа на
    дејноста на јавното претпријатие и
    –   во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна
    или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност.
    Освен овие услови, членот во надзорниот одбор на јавното претпријатие треба да имаат
    и соодветно работно искуство и тоа:
    –   еден член на надзорниот одбор, треба да има најмалку пет години работно искуство,
    – еден член на надзорниот одбор треба да има најмалку пет години работно искуство од
    областа на финансиското работење и
    –  еден член на надзорниот одбор треба да има најмалку пет години работно искуство
    од областа на правните работи.
    Времетраење на мандат: четири години, со право на уште еден последователен
    мандат.
    Се поттикнуваат кандидатите што ги исполнуваат наведените услови, покрај
    наведените законски потребни документи, да достават соодветно мотивациско
    писмо (во слободна форма) и кратко CV (кратка биографија) во затворен плик со
    назнака „НЕ ОТВОРАЈ – ЗА ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЧЛЕН НА НАДЗОРЕН ОДБОР ВО
    ЈКП КОМУНАЛЕЦ ПЕХЧЕВО,, во Архивата на Општина Пехчево, во рок од 5 дена
    од објавувањето на овој повик.
    Комисијата за селекција за проверка на податоци по јавниот повик, по пат на
    административна селекција и интервју, подготвува и доставува предлог листа од
    најдобро рангираните кандидати до Советот на општина Пехчево.

    Советот на општина Пехчево во рок од 15 дена од доставувањето на
    предлогот, ќе изврши соодветен избор од предложените кандидати и ќе донесе
    одлука за именување на член на Надзорен одбор во ЈКП ,,Комуналец” Пехчево.
    Јавниот повик ќе биде објавен на веб-страната на општина Пехчево, огласната
    табла на општина Пехчево и веб-страната на ЈКП ,,Комуналец” Пехчево.

    Совет на општина Пехчево
    Претседател
    Миле Гошевски

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Јавен оглас за член на Управен одбор во ЈКП Комуналец – Пехчево

    ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на лица -          за член на Управен одбор...

    Р Е Ш Е Н И Е за поништување на Објава број 1/2025

    Р Е Ш Е Н И Е за поништување на...

    БУЏЕТСКИ ФОРУМ ЗА 2026

    БУЏЕТСКИ ФОРУМ ЗА 2026 НА ОПШТИНА ПЕХЧЕВО На 24.11.2025 и...

    Дневен ред за 3-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...