0.9 C
Pehčevo

    Извршена целосна дератизација на подрачјето на општина Пехчево

    Датум:

    За да се спречи евентуална појава на туларемија, стручни екипи во текот на денот, извршија општа дератизација во која беше опфатена канализациската мрежа.

    Дератизација
    ЈЗУ. „ Центар за јавно здравје“ од Кочани како овластена стручна служба за вршење на дезинфекција, дезинсекција и дератизација во соработка со ЈКП “Комуналец“ изврши целосна дератизација на 150 канализациони шахти на подрачјето на Општина Пехчево.
    -Цел на дератизацијата е да се уништат глодарите (глувците) од околу 150 шахти кои се наоѓаат на територијата на општина Пехчево вклучувајќи и селата. Употребен е парафински блок „Бромадиолон“ при дератизацијата, која ја изведуваше стручната служба од Цетарот за јавно здравје од Кочани, во соработка со локалната самоуправа и ЈКП ,,Комуналец ’’, истакна градоначалникот Тренчовски.
    Инаку, општина Пехчево во соработка со ЈКП ,, Комуналец “ ги примени сите законски пропишани заштитни мерки околу, резервари, захвати и филтер станица, како основен извор за водоснабдување на Пехчево и околните населени места. Заштитена и контролирана е и околината на резервоарите, по што е извршено чистење за заштита од контаминација на глодачи.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...