-2.6 C
Pehčevo

    Известување – Акција за откривање на диви приклучоци

    Датум:

    Јавното претпријатие ,, Комуналец “ од 5-ти септември во општина Пехчево ќе спроведе акција за откривање на корисниците со диви приклучоци.

    Јавното претпријатие ,, Комуналец “ од 5-ти септември во општина Пехчево ќе спроведе акција за откривање на корисниците со диви приклучоци. Вработените во ЈКП ,, Комуналец “, поделени во неколку екипи, ќе проверуваат во домовите и во нивите и на самото место ќе ги ловат оние што имаат диви приклучоци.

    Според градоначалникот Поповски и директорот на ЈКП ,, Комуналец “ Секуловски , големите загуби на вода се и најголемиот проблем во водоснабдувањето на Пехчево, а тоа е голема градска рана која не е од вчера и трае со години. Нашите истражувања говорат дека најголем дел од водата од регионалниот водовод едноставно се краде од несовесни граѓани.

    Поради големата загуба на вода ЈКП ,, Комуналец “ – Пехчево, ги известува граѓаните од општина Пехчево, кои се корисници на водата од регионалниот водовод, дека е во тек акција за пронаоѓање, откривање на неевидентирани, диви приклучоци на водоводната мрежа во градот.

    Согласно Законот за изменување и дополнување на кривичниот законик, Сл.весник бр.166 од 26.12.2012 година, сите корисници на вода за пиење од водоводната мрежа, физички и правни лица, кои се дрзнале да се приклучат на диво т.е. користат вода пред водомер или немаат водомер, да можат покрај материјално и кривично да одговараат.

    Согласно законските прописи, Управниот одбор на претпријатието, донел Одлука со која се регулира постапката за постапување во случај на откривање на нерегуларен приклучок или кражба на вода. Согласно оваа Одлука, сторителот на овој криминален акт се исклучува од водоводната мрежа и се задолжува да плати =1200.00м3 вода, правно лице и 600.00м3, физичко лице и воедно се поднесува кривична пријава за сторителите.

    Ваквиот корисник доколку сака пак да биде приклучен, поднесува Барање за нов приклучок, го плаќа согласно ценовникот на претпријатието и чека да добие ,, Водоприклучна согласност “, после која се пристапува кон приклучување или не се пристапува.

    Согласно горе кажаното, сите корисници кои имаат диви приклучоци ЈКП ,, Комуналец “ ги повикува граѓаните сами да се јават во наредните 10 дена во просториите на ЈКП ,, Комуналец “, бидејќи после ќе биде касно и секој ќе биде непотребно изложен на дополнителни трошоци.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...