18.1 C
Pehčevo

    Измина уште една успешна година на Здружението на пензионери – Пехчево

    Датум:

    Уште една успешна година измина на Здружението на пензионери – Пехчево, ова денес беше кажано на првата Седница на Собранието на здружението на пензионери од Пехчево во 2018г, на која се усвојуваше извештајот за работата на здружението, усвојување на финансискиот извештај и записникот на надзорниот одбор за 2017 година.

    Пензионери1

    Претседателот на Здружението на пензионери, Борис Зарински истакна дека изминатата година била успешна за ова здружение и дека присуствувале на многу регионални и државни натпревари и манифестации за пензионери и освоиле многу награди.

    -Минатата година беше успешна за нас, во Пехчево успешно ја организиравме 14-тата Регинална музичка ревија на пензионери,  учествувавме и на многу натпревари низ Македонија, а освоивме и многу награди на државно ниво од кои се закитивме и со две први места. Активни бевме и на разни музички манифестации во регионот, каде се претставувавме со нашиот пензионерски хор.

    ????????????????????????????????????

    На првата Седница на Собранието на здружението на пензионери присуствуваше и градоначалникот на општина Пехчево, Драган Тренчовски и Претседателот на Советот на општина Пехчево, Николчо Јовчев, кои според досегашното работење пројавуваа грижа за сите граѓани на општината.

    -Пензионерите и нивните потреби се едни од целните групи на локалната самоуправа. На ваше  задоволство можам да истакнам дека пензионерскит дом кој во моментот е во изградба, сите недостатоци ќе бидат остранети и сите барања за негово функционирање се веќе разгледани и се изнаоѓа решение за целосна реализација, за до крајот на месец  јуни оваа година да биде ставен во функција, истакна градоначалникот Тренчовски.

    Согледувајќи ги вкупните резултати можам со сигурност да кажам дека 2017 година за Здруженијата на пензионерите на Пехчево е многу успешна. Ваквото сознание и оцена за работата пред се е резултат на успешно раководење со Здружението и понатака продолжете во таа насока, а ние сме тука да Ве подржуваме, додава Тренчовски.

    Во претстојната 2018 година, Здружението на пензионери Пехчево , влегува со богато искуство во работата на Здружението. Токму тоа натрупано искуство, ќе биде предизвик за влегување со поголеми амбиции во остварувањето на целите и задачите на Здружението.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево за 2024година

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево...

    ПРОГРАМА – Ј7 за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина Пехчево за 2024 година

    ПРОГРАМА - Ј7 за одржување на јавно зеленило на...

    Програма за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрираникучиња за 2024година

    ПРОГРАМА за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и...