Саемите се единствена можност за квалитетно претставување на туристичката понуда, запознавање на нови деловни партнери, негување на постојните бизнис релации со клиентите и партнерите, истражување на пазарот и поставување на темел за идната маркетинг стратегија.
Оваа година претставници од Хотел „Гогов“- Пехчево, заедно со претставници од општина Пехчево, ќе земат учество со заеднички изложбен дел на Меѓународниот саем за туризам “Скопје травел маркет” кој започнува од четврток 06.04, а завршува во сабота 08.04.2017 г. На саемот ќе се презентираат потенцијалите на општината за ивестирање во туризмот, ќе ја презентираат и промовираат својата историја, своите културни вредности, природната убавина на актуелните туристички дестинации, угостителски услуги, традиционалните Пехчевски јадења и преубавиот туристички комплекс во центарот на Пехчево Хотел „Гогов“.
Општина Пехчево во последните години се наметнува како една од главните туристички дестинации во Малешевијата и регионот. Туризмот како стопанска гранка неминовно се вклопува во трендовите на општествениот и друштвен живот на 21.век. Затоа и локалната самоуправа цели кон тоа да туризмот биде економски двигател за развој на општината.