-1.8 C
Pehčevo

    Градоначалникот Тренчовски изврши увид во досегашниот тек на изградбата на улиците во село Робово

    Датум:

    Со засилено темпо се подновуваат улиците низ населените места во општина Пехчево.

    Улица Робово

    Речиси секојдневно градоначалникот на општина Пехчево, Драган Тренчовски е на нова локација да промовира нов проект кој започнува со реализација или е во фаза на реализација.

    Улица Робово3

    Денес градоначалникот Драган Тренчовски изврши увид во градежните работи на улицата бр.1 во село Робово, каде деновиве започна реализацијата на проектот кој Општина Пехчево го доби преку Министерството за финансии во рамки на Вториот проект за подобрување на општинските услуги финансирани со заем од Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка) – Втор МСИП.. Станува збор за изградба на две улици во село Робово. Градежните работи опфаќаат коловозна конструкција од тампонски слој, ситен песок и завршна обработка со бехатон плочки.

    Улица Робово1

    Тренчовски пред жителите на с.Робово нагласува дека сегашната локална власт покажува одговорност во решавање на сите проблеми, не само во ова село туку и во целата општина.

    -Сакам да нагласам дека овој потег е една заостаната состојба од минатото на нерешена инфраструктура. За жал, во општината имаме низа вакви ситуации, но како сегашна локална самоуправа покажуваме одговорност во решавање на сите овие проблеми – рече градоначалникот Тренчовски.

    Улица Робово2

    Градоначалникот додава дека долгорочно подобрување на улиците преку зголемување на техничкиот век на асфалтната површина, зголемената безбедност во сообраќајот, подобрување на сообрќајната поврзаност и комуникација, обезбедување на сигурност на пешаците и подобрувањето и обезбедувањето на условите на децата во градинката се главните цели на локалната самоуправа.

    Инаку, проектот за подобрување на јавните општински услуги во Пехчево кој се финансира како под-заем со средства од Светска банка и се имплементира преку Министерството за финансии во рамки на Вториот проект за подобрување на општинските услуги финансирани со заем од Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка) – Втор МСИП, содржи пет под-проекти и тоа, изградба на улица бр.1 и бр.2 во село Робово, изградба на улица бр.1 и бр.2 во село Умлена и доградба на трпезарија на детска градинка 7-ми Септември Пехчево.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...