3.9 C
Pehčevo

    Градоначалникот Поповски по повод престојните празници оствари средба со отец Горан

    Датум:

    DSCN5161

    Вчера градоначалникот Поповски по повод престојните Божиќни празници оствари средба со старешината при храмот Св.Ап. Петар и Павле – Пехчево, отец Горан Димитковски. Целта на средбата беа престојните празници кои традиционално секоја година локалната самоуправа во соработка со црквата организираат празнување на големиот христијански празник Божиќ и Богојавление Водици.

    Меѓу другото на средбата беше разговарано и за многуте обичаи кои се присутни како во цела Македонија така и во нашиот град кои не кореспондираат со црковното учење и предание.

    Отецот Горан му ги честиташе престојните Божиќните празници на градоначалникот Поповски и на сите граѓани на Пехчево и порача дека како христијани треба нашата православна вера да ја зучуваме онаква каква што е предадена од св. Отци и од самиот Логос божји Богочовекот Христос.

    -Како црква имаме и носиме огромна одговорност да ја запазиме во сета чистота нашата православна вера, да ја запазиме онаква каква што ни ја предадоа св. Отци и самиот Логос божји Богочовекот Христос.

    Денеска сме сведоци како кај нас, така и во многу други градови ширум Р.Македонија за многу локални обичаи, кои како резултат на немањето јасно издеференцирана христијанска свест и елементарна христијанска култура, им придаваме огромно внимание, а всушност истите тие обичаи се контрадикторни со она што црквата учи, дури не враќа назад во времето на паганизмот и окултизмот. Во никој случај не може да бидеме во исто време христијани и пагани или сме едното или сме другото.

    Еден од тие обичаи (квази) во нашиот град  е пеењето на таканаречената песна ,, Стани нине ‘’ во предвечерието на еден од најсветлите, најрадосните хриистијански празници, празникот Рождество Христово – Божиќ, вечер кога секое семејство собрано околу домашната посна трпеза, во исчекување духовно да се наслади, на овој сотириолошки момент од Божествениот Домострој за спесението на родот човечки, биваат обеспокојувани од разни дружини маскирани со свирки, тапани и песни.

    И она што е најтажно истакнува отец Горан е песната што се пее апсолутно нема никаква еклисиолошка смисла за она што треба да се наговести за празникот што иде во пресрет, дури може да се каже дека песната е прав ерес.

    И второ, палењето на бадниковите огнови, обичај за кој јас знам дека кај нас се инплантира 90те години на минатиот век. За тоа од каде дојде тој обичај кај нас деновиве нашиот, митрополит Струмички Г-дин. Наум имаше издржана изјава во некои медиуми.

    На Бадник ден пред Божиќ, е стрoг пост што подразбира трпеза без зејтин и вино, значи не се пие ракија ниту пак се јаде риба (така пропишува светата црква). Тој ден секој е прибран дома со својата фамилија, со која трезвено, молитвено и целомудрено се подготвуваат утрешниот ден, присутни во урамот божји на светата литургија како вистински христијани да се насладат со светите Христови тајни – светата причест и торжествено да извикаат Христос се роди! Навистина се роди! – истакна отец Димитковски.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...