Градоначалникот Поповски денес во салата за состаноци на општина Пехчево оддржа средба со здружението на граѓани на село Спиково на која ги информираше за досегашните активности и заложби на општината во делот на соработката со оваа здружение преку реализација на заеднички проекти, давање на финансиска поддршка и сл.
Исто така здружението го информираше градоначалникот за нивните досегашни активности, за одличната соработка со локалната самоуправа како и со проблемите со кои се соочуваат со цел изнаоѓање на заедничко решение.
На средбата беше разговарано околу проблемот со резервоарот во с. Спиково за негова санација и за санација или изградба на падот до селото Спиково.
Градоначалникот Поповски ја истакна подготвеноста на Локалната самоуправа да им излегува во пресрет на барањата на оваа здружение на граѓани на село Спиково во зависнот од можностите на општината и се обврза овие барања да бидат реализирани наскоро.
На средбата, меѓу другото беше истакната досегашната успешна соработка меѓу Здружението и општината, која со несмален интензитет ќе продолжи и во иднина.