-2.6 C
Pehčevo

    Градоначалникот Поповски организираше прием на дечињата од градинката по повод Светска недела на детето

    Датум:

    По повод светска недела на детето која традиционално се одбележува првата недела од месец октомври, прием на децата организираше градоначалникот Поповски.

    По повод светска недела на детето која традиционално се одбележува првата недела од месец октомври, прием на децата организираше градоначалникот Поповски.
    Први кои му кажаа доброутро и му го разубавија денот, беа децата од градинката ,,7 Септември “ кои со пријатни изненадувања на градоначалникот денот му го збогатија со детска насмевка.

    По повод светска недела на детето која традиционално се одбележува првата недела од месец октомври, прием на децата организираше градоначалникот Поповски.
    ,, Како се станува градоначалник?“ го прашаа децата Поповски. Децата се интересираа што се работи во општината, колку трае работното време на вработените, колку вработени има во општината, кога ќе се започне со изградбата на детско игралиште и други интересни прашања.

    По повод светска недела на детето која традиционално се одбележува првата недела од месец октомври, прием на децата организираше градоначалникот Поповски.
    Топло добредојде им посака градоначалникот на Пехчево Игор Поповски, ги поздрави учениците и воспитно-образовниот кадар и им додели пригодни подароци за дечињата. Тој им одговори на децата на сите интересни прашања, за плановите на општината во однос на нејзиното урбанистичко уредување, на хартија според планот им покажа како ќе изгледа новото детско игралиште за потребите на децата и им одговори на сите други поставени прашања.

    По повод светска недела на детето која традиционално се одбележува првата недела од месец октомври, прием на децата организираше градоначалникот Поповски.
    Децата од градинката на градоначалникот на општина Пехчево му покажаа што знаат и умеат, а тој ги прошета низ просториите на општината покажувајќи им што и како се работи.

    По повод светска недела на детето која традиционално се одбележува првата недела од месец октомври, прием на децата организираше градоначалникот Поповски.
    Градоначалникот се обрати и до децата посакувајќи им успешни училишни и безгрижни деттски денови.
    ,, Драги деца, ви посакувам на вашиот животен пат, полека но сигурно, да се стекнете со мудроста од која ова општество ќе биде уште подобро и поубаво место за живеење. Ви се обраќам денеска и како родител со пораката дека Вие сте нашето најголемо богатство. Минувајте го слободното време во дружење, спортување и учење, бидејќи моќта е во знаењето. Сакајте ги своите родители, сакајте го своето семејство и почитувајте ги најблиските. Само така, Вашите родители ќе бидат горди на Вас, а покрај нив и ние како општина” – истакна Поповски.

    Инаку, детската градинка „7 Септември “ секоја година има своја програма за одбележување на Светската недела на детето, а оваа година детската недела ја одбележуваат под мотото „ Сите деца имаат еднакви права “.

    По повод светска недела на детето која традиционално се одбележува првата недела од месец октомври, прием на децата организираше градоначалникот Поповски.

     

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...