-2.5 C
Pehčevo

    ФФРМ на средба со земјоделците од Пехчево

    Датум:

    Вчера во Салата за состаноци на општина Пехчево претставници од Федерацијата на фармери на Република Македонија одржа трибина на тема „Функционирање на земјоделска задруга"

    Вчера во Салата за состаноци на општина Пехчево претставници од Федерацијата на фармери на Република Македонија одржа трибина на тема „Функционирање на земјоделска задруга”, каде што беа презентирани новиот закон за земјоделски задруги и начините за формирање на кооперативи, обврските и правата на членовите на земјоделски задруги.

    ФФРМ ги истакнаа потенцијалните можности како да се регистрира една ваква форма на здружување, кои се новите законски измени за земјоделски задруги и што се е потребно да се направи за да може да профункционира една земјоделска задруга.

    Вчера во Салата за состаноци на општина Пехчево претставници од Федерацијата на фармери на Република Македонија одржа трибина на тема „Функционирање на земјоделска задруга"

    Окрупнување на земјоделското земјиште, поголема конкурентност и можности за подобар пласман се клучните придобивки од формирањето задруги, овој процес предизвика интерес кај пехчевските земјоделци.

    Од страна на претставниците на Федерацијата на фармери на Република Македонија, одржаа презентација каде беше истакнато дека со донесувањето на новото законско решение, се поголем е интересот кај земјоделците за здружување зошто овде гледаат можност за подобра реализација на откупот, подобрување на квалитетот на производството, намалување на трошоците и нивно подобро информирање и едуцирање.

    ,, Со донесување на законот за земјоделски задруги, се поголем е интересот на земјоделците за ваков вид на економско здружување, бидејќи во оваа форма гледаат подобра реализација на откупот, подобрување на квалитетот на производите, намалување на трошоците за производство, подобро информирање и едуцирање ‘‘, истакна претседателот на Федерацијата на фармери на Република Македонија, Андрија Секуловски.

    Федерацијата на фармери на Република Македонија, предводена од претседателот Андрија Секуловски и неговиот тим на соработници остварија средба со градоначалникот на општина Пехчево, Игор Поповски, каде се разговараше за улогата и значењето на ФФРМ, за навременото и точно информирање на земјоделците, како и за проблемите со кои се соочуваат земјоделските производители, но и за помошта која може да им ја пружи ФФРМ.

    Според градоначалникот Поповски, ваквите средби се од големо значење, за да се слушнат проблемите на земјоделците, но и предлози за нивно решавање, размена на идеи, иницијативи за активности, задачи и одговорности со што би се зголемил животниот стандард на земјоделските производители.

    Вчера во Салата за состаноци на општина Пехчево претставници од Федерацијата на фармери на Република Македонија одржа трибина на тема „Функционирање на земјоделска задруга"

    На самата средба општина Пехчево и Федерацијата на фармери на Република Македонија потпишаа меморандум за идна меѓусебна соработка.

    Вчера во Салата за состаноци на општина Пехчево претставници од Федерацијата на фармери на Република Македонија одржа трибина на тема „Функционирање на земјоделска задруга"

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...