0.7 C
Pehčevo

    Фестивалот на дувачки оркестри – Пехчево 2013 е прогласен за настан на годината во Источниот регион

    Датум:

    Дувачкиот оркестар Уска Кан од Берово, е победникот на овогодинешното 3-то издание на Фестивалот на дувачки оркестри Пехчево 2013.

    Фестивалот на дувачки оркестри – Пехчево 2013 е избран за најдобар туристички настан во Источниот регион за 2013 година според најгледаната телевизија во регионот ТВ Стар.

    Фестивалот на дувачки оркестри Пехчево по само три години успеа да прерасне во супер бренд во Истокот истакна градоначалникот на општина Пехчево Игор Поповски.

    -Задоволство е да се биде број 1 манифестација во нашиот регион. По само 3 години успеавме Фестивалот да стане супер бренд во Источниот регион. Голема благодарност до тимот кој го развиваше фестивалот и се надевам дека во иднина Фестивалот на дувачки оркестри – Пехчево ќе прерасне во бренд во Република Македонија.

    Годинава имаше многу гости и се покажа голема заинтересираност за фестивалот, па се надеваме дека Фестивалот на дувачки оркестри – Пехчево ќе прерасне и во меѓународен фестивал, кој ќе понуди нови содржини и нов квалитет, тоа го заслужуваат и учесниците и фестивалот и почитувачите на оваа уметност ‘‘, рече градоначалникот Поповски.

    За четири дена фестивалот на дувачките оркестри Пехчево 2013, ги урна досегашните рекорди. Преполниот плоштад во Пехчево со посетеност од преку 20 000 гости беа воодушевени од фестивалот и туристичката понуда на Пехчево, во сите четирите  фестивалски вечери се покажа дека пехчевчани умеат и сакаат да живеат со музиката дека се добри домаќини, достојна и верна публика, љубопитни и жедни за секоја фестивалска година.

    На Фестивалските денови од 10 до 13 јули имаше многу музички содржини, културно уметнички друштва, изложби и саем на традиционални ракотворби.

    Врвови во музичката уметност, атракции и совршени мамци за публиката, по виртузните настапи на дувачките оркестри и другите уметниците, по интересот на публиката која го полнеше и преполнуваше плоштадот во Пехчево се основата врз која ќе се памети ова Фестивалска година во Пехчево.

     

    Градоначалникот Поповски им се заблагодари за признанието на телевизијата ТВ Стар

    Градоначалник Пехчево

     Почитувани,

    Со особено задоволство ја примивме информацијата дека нашиот фестивал на трубите „Фестивал на дувачки оркестри“ го доби признанието од Вашата ценета медиумска куќа, за најдобра културна манифестација во регионот. Ова признание значи многу за овој млад фестивал кој ги прави првите чекори и се обидува да се наметне како културна и туристичка атракција во Малешевијата со што ќе се придонесе и малата општина Пехчево да излезе од анонимноста.Нашата цел е развој на туризмот и негово ставање во функција на економскиот развој на оваа мала малешевска општина. Во таа смисла и улогата на Вашиот медиум,ТВ Стар во источниот регион е голема, посебно за мали општини  како нашата, бидејќи треба  да се слушне за нас и за нашите активности,  да се информира за настаните, а вие тоа го правите на  еден крајно професионален начин за што сме Ви благодарни.

    Со желби за понатамошна успешна соработка, Ви благодарам.

     

    Со почит,                                            Градоначалник на општина Пехчево

                                                                                 Игор Поповски

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...