18.1 C
Pehčevo

    Европската недела на имунизација „Заштити, спречи, вакцинирај“ одбележана во Пехчево

    Датум:

    „Заштити, спречи, вакцинирај“ е мотото оваа година за одбележување на Европската недела на имунизација.

    Општина Пехчево денес ја одбележува Европската недела на имунизација. Покрај информирање на населението за потребата од вакцинација, посебен акцен оваа недела се става на пропуштени, невакцинирани деца, а се врши и теренска вакцинација и откривање на невакцинирани или неевидентирани деца.

    ????????????????????????????????????

    Градоначалникот Тренчовски во чест на Европската недела на имунизација во соработка со ЈЗУ Здравствениот дом – Пехчево и НВО ,, КХ АМ “ – Делчево организираше посета на семејствата на деца родени во периодот од април 2017 до април 2018 година. Посетени беа десет семејства, од кои пет се од ромска националност.

    имунизација1

    Локалната самоуправа на чело со Тренчовски донираше хигиенски пакети за новородените дечиња но и апелираше да се подигне свеста дека вакцината е најисплатлива јавна здравствена превентивна мерка со која се елиминирани или редуцирани на минимум многу заразни болести.

    При посетата на семејствата патронажната сестра од ЈЗУ Здравен дом – Пехчево, Ружа Вазлиска истакна дека со вакцинацијата не ги штитиме само нашите деца од заразните заболувања, туку придонесуваме и за зголемување на колективниот имунитет и стабилен епидемиолошки статус.

    Оваа активност ќе продолжи и во иднина се со цел да се зголеми информираноста на семејствата за имунизација на нивните деца како и за правата на пациентите за заштита на нивното здравје.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево за 2024година

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево...

    ПРОГРАМА – Ј7 за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина Пехчево за 2024 година

    ПРОГРАМА - Ј7 за одржување на јавно зеленило на...

    Програма за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрираникучиња за 2024година

    ПРОГРАМА за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и...