Општина Пехчево се вклучува во кампањата за одбележување на ,,Европската недела на мобилноста,, и по тој повод Ве покануваме да се вклучите и Вие заедно да го одбележиме ,,22 Септември – Ден без автомобили,,.
Со приклучување кон Европската недела на мобилност и почитување на нејзините цели сите ние правиме многу за чистотата на воздухот и животната средина во која живееме, за квалитетот на животот, за безбедноста во градот, за своето сопствено физичко и психичко здравје.
Европската недела на мобилност е кампања која промовира визија на градски улици на кои не доминираат моторните возила. Тоа е недела на велосипедистите, пешаците, возачите на ролери, тротинети, скејт-борди, корисниците на инвалидски колички, на сите учесници во сообраќајот кои не ја загадуваат животната средина, не прават бучава, не го заземаат животниот простор на своите сограѓани.
Препорачуваме дечињата од прво до четврто оддделение во понеделник 22.09.2014 година на ,,Денот без автомобили,, да дојдат на Градскиот плоштад во Пехчево во 10 часот и 30 минути и заедно со своите наставници, да се упатат во училиштето, со што не би губеле од наставната програма. На дечињата ќе се приклучат наставници, родители и вработени во општина Пехчево.
Од страна на општина Пехчево, во соработка со Министерството за внатрешни работи на 22.09.2014 година на ,,Денот без автомобили,, во периодот од 10:30 до 11:00 часот ќе биде овозможено улицата ,,Борис Кидрич,, да биде затворена за сообраќај.