-2.6 C
Pehčevo

    Државен натпревар на трактористи во Пехчево

    Датум:

    Педесет и тројца трактористи од цела Македонија денеска ги одмеруваа своите вештини во орање на 57 Државен натпревар на трактористи кој се одржа на месноста Св.Петка во Пехчево. Натпреварот е во организација на Сојузот за техничка култура во стопанството на Република Македонија и Народна техника на Република Македонија.
    натпревар трактори
    Ордан Кузмановски, претстедател на ОО на Народна техника истакна дека од победниците од сите натпревари, каде се натпреваруваат трактористи од сите региони на државава ќе се изберат двајца претставници кои идната година ќе учествуваат на светскиот натпревар што ќе се одржи во Кенија.
    – Денеска сме во Пехчево бидејќи нашата цел е да направиме добра традиција во сите градови во Македонија и да ја доближиме оваа манифестација на цела територија. Натпреварот има псоебни пропозиции согласно критериумите за светското првенство, а денеска одиме на обичното орање, отворање на права бразда. Натпреварувачите се натпреваруваат поделени во повеќе категории, рече Кузмановски.
    Пехчево е за прв пат домаќин на еден ваков натпревар, потенцираше градоначалникот Игор Поповски.
    Натпревар трактори
    – За Пехчево ова е добар момент, посебно  за нашите змејоделци кои ќе имаат можност да се зпаознаат со нови технкини, тука имаме и презентација на нови машини, но најважно е тоа што ќе се сретнат земјоделци од различни регони, ќе разменат искуства, истакна Поповски.
    Натпревар трактори
    На натпреварот учествуваше и еден од најискусните трактористи, Тимко Чаушки од беровско Владимирово.
    – Со земјоделство се занимавам 40 години и исто толку време одам по натпревари. Досега имам освојувано многу награди, како прво  место во Македонија, второ во Југославија, а сум бил и на европски натпревар. Она што е најважно е да се направи чиста бразда и трактористот од каде што влегол од таа страна треба и да излези, рече Чаушки.
    Маниефстацијата започна со презентација на нова земјоделска механизација и културно-уметничка програма организирана од Општина Пехчево.
    Инаку, Македонија ќе биде домаќин на светско првенство на трактористи во 2022 година.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...