10.4 C
Pehčevo

    Донесени се нови мерки и препораки од Општинскиот кризен штаб во Пехчево

    Датум:

    Согласно со препораките на Главниот Кординативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување и ширење на Коронавирус COVID-19 и заклучоците на Владата кои произлегуваат од него, Општискиот кризен штаб на општина Пехчево за борбата со коронавирусот денес ги донесе следниве заклучоци:

    -Од четврток 16 април во 16:00 часот, до 05:00 часот во вторник 21 април  да се забрани движење и групирање, односно да се затворат сите паркови, излетнички места, места за рекреација во националните паркови и шуми, како и викенд населбата Равна река за време на периодот на забраната и посебен режим на движење за претстојниот празник, а Министерството за внатрешни работи да ги интензивира контролите на овие места.

    Во таа насока потребно е да се потенцира дека сите оние лица кои поседуваат викендици во викенд населбите, доколку ги користат за претстојниот викенд,  дека во согласност со другите мерки, забрането е групирање на граѓани во самите објекти и забрането е секакво движење надвор од нив, во склад со останатите мерки за движење кои важат за време на полицискиот час.

    Согласно оваа забрана и посебен режим на движење, Владата исто така, го задолжи Министерството за внатрешни работи да ги интензивира контролите околу верските храмови за време на претстојниот празник.

    -За лицата над 67-годишна возраст, останува активна забраната во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 10:00 до 12:00 часот. Во понеделник, 20 април, за овие и за сите други граѓани има целосна забрана.

    -За сите лица до 18 години останува активна забраната за движење во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 13:00 до 15:00 часот. Во понеделник, 20 април, за овие и за сите други лица има целосна забрана.

    -Ќе се интензивираат контролите и патролите низ туристичката населба Равна река за да се избегнат масовни здружувања, и движења надвор од истите во рамки на полицискиот час, кој на овие места ќе започне во 16 часот во четврток 16.04.2020 год. и ќе трае до 05 часот, вторник 21.04.2020 год;

    -Апел да се воздржиме од масовни групирања, собири и прослави за време на престојниот празник, да се придржуваме до мерките и препораките од Владата да го зачуваме нашето и здравјето на луѓето кои не опкружуваат;

    -Во петок 17.04. 2020 год. им завршува карантинскиот престој на лицата во државен карантин,во 16 часот ќе биде организирано таканаречено „штафетно испраќање“ со придружба на полициски службеници ќе се испратат моторните возила со кои ќе се транспортираат лицата на кои им завршува карантинскиот престој, истите ќе добијат посебни дозволи за тоа и ќе се движат по точно определени улици;

    -Дозволи за земјоделски активности кои не се регистрирани земјоделци до петок да се пријават до 17 часот каде лицето Елеонора Митевска Димитров, тел. 071/703-488 за итни и неодложни работи, кои ќе се вршат исклучиво во сабота од 08 до 16 часот;

    -Да ја подигнеме свеста, прво за сопственото, па потоа и за  јавното здравје, заштитувајки се себеси, ги заштитуваме луѓето околу нас, следете ги препораките, останете безбедни,  останете дома,  е пораката од општинскиот кризен штаб во Пехчево.

    -Во изолација во Пехчево има четири лица, двајца од Пехчево, едно лице од с.Чифлик и едно лице од с. Умлена.
    – Пријавени се три маркети кои ќе вршат достава за претстојниот викенд и два ресторани.
    – Работата на здравниот дом ќе работи непречено.
    – ЈКП Комуналец врши редовна дезинфекција на територија на општина Пехчево

    Инаку, согласно со информацијата од надлежните, во Пехчево до денеска нема заразаени со коронавирус.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево за 2024година

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево...

    ПРОГРАМА – Ј7 за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина Пехчево за 2024 година

    ПРОГРАМА - Ј7 за одржување на јавно зеленило на...

    Програма за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрираникучиња за 2024година

    ПРОГРАМА за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и...