2.5 C
Pehčevo

    Дневен ред на триесетата седница на Советот на општина Пехчево

    Датум:

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.05/02), и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.06/2016 и 05/2019), ja свикувам 30-та седница на Советот на општина Пехчево за ден 22.06.2020 година (понеделник). 30-та седница на советот на општина Пехчево ќе се одржи во просториите на ООУ ,,Ванчо Китанов,, (голема сала) со почеток во 13:00 часот. За работа на седницата го предлагам следниот:

    ДНЕВЕН РЕД

    1. Усвојување на записникот од 29-та седница на советот на општина Пехчево;
    2. Предлог oдлука за усвојување на тримесечен извештај за финансиското работење на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за период од 01.2020 год. до 31.03.2020 год;
    3. Предлог oдлука за давање на согласност на дополнување на годишен план за јавни набавки нa JKП ,,Комуналец,, – Пехчево за 2020 година;
    4. Барање од ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за оградување на депонија;
    5. Предлог oдлука за усвојување на ребаланс на буџет на општина Пехчево за 2020 година;
    6. Предлог oдлука за финансиско учество на општина Пехчево во имплементацијата на проектот “Подобрување на општинските јавни услуги – Доградба на трпезарија на детска градинка 7-ми Септември во Пехчево, Изградба на дел од селска улица Бр. 1 и Бр. 2 во с.Умлена и Изградба на дел од селска улица Бр. 1 и Бр. 2 во с.Робово, општина Пехчево” за доградба на дел од Ул. Бр. 2 во с.Робово;
    7. Барања од граѓани;
    8. Советнички прашања;
    9. Тековни активности;

    Совет на општина Пехчево

                                                                                                            Претседател

                                                                                                            Николчо Јовчев с.р

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...