1.3 C
Pehčevo

    Дневен ред на триесет и трета седница на Советот на општина Пехчево

    Датум:

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.05/02), и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.06/2016 и 05/2019), ja свикувам 33-та седница на Советот на општина Пехчево за ден 13.11.2020 година (петок). 33-тата седница на советот на општина Пехчево ќе се одржи во просториите на Здружение на пензионери Пехчево (голема сала) со почеток во 13:00 часот. За работа на седницата го предлагам следниот:

     

    ДНЕВЕН РЕД

    1. Усвојување на записникот од 32-та седница на советот на општина Пехчево;
    2. Предлог oдлука за усвојување на Годишен план за вработување во општина Пехчево за 2021 година;
    3. Предлог oдлука за усвојување на одлуката за изменување на Статутот на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;
    4. Предлог oдлука за давање на користење на движни ствари – информатичка опрема (компјутери) на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево;
    5. Предлог oдлука за давање согласност за реализирање на настава со физичко присуство за учениците од четврто до деветто одделение во две смени во ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево;
    6. Предлог oдлука за давање согласност за реализирање на настава со физичко присуство за учениците од четврто и петто одделение во ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево;
    7. Предлог одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за усогласување на намените на бесправно изградените објекти со намените на земјиштето за КП бр.165 KO Пехчево – Нада Сасанска;
    8. Предлог одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за усогласување на намените на бесправно изградените објекти со намените на земјиштето за КП бр.908 КО Пехчево – Илија Галазов;
    9. Предлог одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за усогласување на намените на бесправно изградените објекти со намените на земјиштето за КП бр.161 КО Пехчево – Сашко Мазаров;
    10. Предлог одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за усогласување на намените на бесправно изградените објекти со намените на земјиштето за КП бр.586/1 КО Пехчево – Љупчо Кажлевски;
    11. Предлог одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за усогласување на намените на бесправно изградените објекти со намените на земјиштето за КП бр.317 КО Пехчево – Бојчовски Димитар;
    12. Предлог oдлука за основање на заедничко јавно претпријатие за регионално управување со отпад;
    13. Предлог oдлука за усвојување на Квартален извештај за извршување на буџетот на општина Пехчево за период од 01.01.2020 година до 09.2020 година;
    14. Предлог oдлука за усвојување на втор ребаланс на буџет на општина Пехчево за 2020 година;
    15. Предлог oдлука за предавање на инвестиција – трпезарија на ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево;
    16. Барања од граѓани;
    17. Советнички прашања;
    18. Тековни активности;

    Совет на Општина Пехчево

    Претседател

    Николчо Јовчев с.р

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 33-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...