-0.7 C
Pehčevo

    Дневен ред на триесет и седма седница на Советот на општина Пехчево

    Датум:

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.05/02), и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.06/2016 и 05/2019), ja свикувам 37-та седница на Советот на општина Пехчево за ден 19.07.2021 година (понеделник). 37-та седница на советот на општина Пехчево ќе се одржи во просториите на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево со почеток во 13:00 часот. За работа на седницата го предлагам следниот:

     

    ДНЕВЕН РЕД

    1. Усвојување на записникот од 36-та седница на советот на општина Пехчево;
    2. Предлог одлука за усвојување на измени и дополнувања на буџетот на општина Пехчево за 2021 година;
    3. Предлог oдлука за усвојување на Пречистен текст на Статутот на општина Пехчево;
    4. Предлог oдлука за давање согласност за формирање паралелки од I до IX одделение со помалку од 20 ученици во ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево и подрачните училишта за учебната 2021/2022 година;
    5. Предлог програма за управување со отпад на општина Пехчево за 2021 година;
    6. Предлог oдлука за усвојување на Годишен извештај за работата на овластениот комунален инспектор при општина Пехчево за 2020 година;
    7. Предлог oдлука за донесување на Урбанистички план за село Црник, општина Пехчево плански период 2016 – 2026 година;
    8. Предлог одлука за изменување и дополнување на Одлуката за основање на Центар за развој на Источниот плански регион број;
    9. Предлог одлука за основање на Центар за развој на Источниот плански регион – Пречистен текст;
    10. Предлог одлука за утврдување на предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општина Пехчево и општина Берово;
    11. Предлог oдлука за усвојување на Годишниот план за вработување во OOУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за 2022 година;
    12. Предлог oдлука за усвојување на Извештај од самоевалуација на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за учебната 2020/2021 година;
    13. Предлог oдлука за усвојување на годишен извештај за работа на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за учебната 2020/2021 година;
    14. Предлог oдлука за усвојување на годишна програма за работа на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за учебната 2021/2022 година;
    15. Предлог oдлука за утврдување на почетокот и завршетокот на работното време на ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево за воспитната 2021/2022 година;
    16. Предлог oдлука за давање согласност за формирање на возрасни групи со повеќе или помалку деца во ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево за воспитната 2021-2022 година;
    17. Предлог oдлука за давање согласност за подготовка на оброк за деца од 6 до 10 годишна возраст во ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево за воспитната 2021/2022 година;
    18. Предлог oдлука за усвојување на годишен извештај за работа на ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево за воспитната 2020-2021 година;
    19. Предлог oдлука за усвојување на годишна програма за работа на ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево за учебната 2021/2022 година;
    20. Барања од граѓани;
    21. Советнички прашања;

    22.Тековни активности;

    Совет на Општина Пехчево

    Претседател

    Николчо Јовчев с.р

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...