Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.05/02), и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.06/2016 и 05/2019), ja свикувам 35-та седница на Советот на општина Пехчево за ден 10.03.2021 година (среда). 35-та седница на советот на општина Пехчево ќе се одржи во просториите на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево со почеток во 09:00 часот.
За работа на седницата го предлагам следниот:
ДНЕВЕН РЕД
- Усвојување на записникот од 34-та седница на советот на општина Пехчево;
- Предлог oдлука за усвојување на извештај за извршен попис на парични средства на жиро сметките, благајните, побарувањата, обврските, градежните објекти, улици, патишта и опрема на општина Пехчево за 2020 година;
- Предлог oдлука за отпис и отстранување на основни средства, сопственост на општина Пехчево;
- Предлог одлука за усвојување на Кварталeн извештај за извршување на буџетот на општина Пехчево за период од 01.01.2020 година до 31.12.2020 година;
- Предлог oдлука за усвојување на завршна сметка на општина Пехчево за 2020 година;
- Предлог oдлука за усвојување на годишен финансиски извештај од работењето на општина Пехчево за 2020 година;
- Предлог oдлука за усвојување на Ребаланс на буџетот на општина Пехчево за 2021 година;
- Предлог одлука за редовно ажурирање на процена на загрозеност на подрачјето на општина Пехчево од сите ризици и опасности;
- Предлог одлука за усвојување на годишен извештај за работа на ОУ ДК ,,Јане Сандански,, – Пехчево за 2020 година и Програма за работа на ОУ ДК ,,Јане Сандански,, – Пехчево за 2021 год.;
- Предлог одлука за разрешување и именување на членови на Управен одбор на ОУ ДК ,,Јане Сандански,, – Пехчево;
- Предлог oдлука за усвојување на Пречистен текст на Статут на ОУ ДК ,,Јане Сандански,, – Пехчево;
- Предлог oдлука за усвојување на локален акциски план за стратегија на ромите Пехчево 2021-2022 година;
- Предлог oдлука за давање на користење движна ствар – товарно возило за собирање на комунален отпад на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;
- Предлог oдлука за усвојување на програмата за работа и развој на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за 2021 година;
- Предлог одлука за усвојување на финансиски план на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за 2021 година;
- Предлог одлука за усвојување на годишен план за јавни набавки на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за 2021 година;
- Предлог одлука за усвојување на деветмесечен извештај за финансиското работење на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за период од 01.01.2020 до 30.09.2020 година;
- Предлог oдлука за усвојување на завршна сметка на ОУ ДК ,,Јане Сандански,, – Пехчево за 2020 година;
- Предлог oдлука за утврдување на времена локација за одлагање на инертен материјал (шут од градење и рушење) во текот на изведбата на проектот за изградба на локални улици во с.Црник општина Пехчево;
- Предлог oдлука за намера за користење на грант средства во рамки на Вториот проект за подобрување на општинските услуги (MSIP2) за подобрување на општинските услуги во сиромашни области/социјална вклученост од проектот за подобрување на јавните општински услуги во општина Пехчево;
- Предлог oдлука за финансиско учество на општина Пехчево во имплементацијата на проектот за изградба на локални улици во с.Црник, Изградба на крак 1 на селска улица Бр. 2 во с.Црник и Изградба на селска улица Бр. 3 во с.Црник со грант средства во рамки на Вториот проект за подобрување на општинските услуги (MSIP2) за подобрување на општинските услуги во сиромашни области/социјална вклученост;
- Предлог oдлука за усвојување на Измена и дополнување на годишен план за вработување за 2021 година на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево;
- Предлог програма за еднакви можности на жените и мажите на општина Пехчево и работа на КЕМ за 2021 година;
- Предлог oдлука за усвојување на годишен извештај за работа на Полициска канцеларија – Пехчево за 2020 година;
- Предлог oдлука за усвојување на завршна сметка на OOУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за 2020 година;
- Предлог oдлука за усвојување на полугодишен извештај за работа на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за учебната 2020/2021 година;
- Предлог oдлука за давање согласност на правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во ОJУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево;
- Предлог oдлука за усвојување на Завршната сметка на OЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево за 2020 година;
- Предлог одлука за усвојување на Завршната сметка на ЈКП ,,Комуналец,,-Пехчево за 2020 година;
- Предлог oдлука за усвојување на дванаесет месечен извештај за финансискoто работење на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;
- Предлог oдлука за усвојување извештај за извршени работи во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за период јануари декември 2020 година;
- Предлог oдлука за усвојување на одлуката од УО на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за цена за плаќање на извршена услуга со ровокопач JCB 4CX;
- Предлог oдлука за усвојување Програма за проекти од областа на културата на ОУ ДК ,,Јане Сандански,, – Пехчево за 2021 година;
- Барања од граѓани;
- Советнички прашања;
- Тековни активности;
Совет на Општина Пехчево
Претседател
Николчо Јовчев с.р