-0.7 C
Pehčevo

    Дневен ред на триесет и четврта седница на Советот на општина Пехчево

    Датум:

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.05/02), и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.06/2016 и 05/2019), ja свикувам 34-та седница на Советот на општина Пехчево за ден 21.12.2020 година (понеделник). 34-та седница на советот на општина Пехчево ќе се одржи во просториите на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево со почеток во 11:00 часот. За работа на седницата го предлагам следниот:

    ДНЕВЕН РЕД

    1. Усвојување на записникот од 33-та седница на советот на општина Пехчево;
    2. Предлог одлука за усвојување на Буџет на општина Пехчeво за 2021 година;
    3. Предлог одлука за извршување на буџетот на општина Пехчево за 2021 година;
    4. Предлог одлука за утврдување вредност на бодот за платите на државните службеници за 2021 година;
    5. Предлог одлука за утврдување на висината на благајничкиот максимум за 2021 година;
    6. Предлог oдлука за усвојување на Буџетскиот календар на општина Пехчево за 2022 година;
    7. Предлог одлука за усвојување на програма за работа на советот на општина Пехчево за 2021 година;
    8. Предлог oдлука за ненаплаќање на комунална такса за користење на простор пред деловни простории за вршење на дејност во општина Пехчево за време на вонредната состојба;
    9. Предлог одлука за користење на улиците со патнички, товарни моторни возила, автобуси, специјални возила и мотоцикли за 2021 година;
    10. Предлог одлука за користење на просторот пред деловните простории за вршење на дејност и одредување на минимална површина за фрижидери пред деловните објекти за 2021 год;
    11. Предлог одлука за плаќање на фирмарина, односно назив на деловна просторија за 2021 година;
    12. Предлог одлука за купување, отуѓување и оптоварување на недвижен имот во сопственост на општина Пехчево за 2021 година;
    13. Предлог одлука за утврдување на пазарна вредност на недвижен имот (Земјоделско земјиште) за 2021година;
    14. Предлог одлука за утврдување на зони за утврдување на пазарна вредност на недвижен имот, утврдување на пазарна вредност на градежно земјиште за град Пехчево и населените места во општина Пехчево и утврдување на пазарна вредност на недвижности и права на земјоделско земјиште за 2021 год;
    15. Предлог одлука за отпис на комунална такса за истакната фирма и данок на имот за 2021 година;
    16. Предлог одлука за определување на дефицитарни занимања и занаети во изумирања на територијата на општина Пехчево за 2021 година;
    17. Предлог одлука за утврдување на висината на стапката на данок на имот за 2021 година;
    18. Предлог одлука за утврдување на висината на стапката на данок на наследство и подарок за 2021 година;
    19. Предлог одлука за утврдување на висината на стапка на данок на промет на недвижности за 2021 год;
    20. Предлог oдлука за условите што мора да ги исполнуваат објектите за нештетно отстранување на животински мрши за 2021 година;
    21. Предлог oдлука за посебни сообраќајно технички мерки за забавување на сообраќајот за 2021год;
    22. Предлог одлука за формирање на Комисија за објекти кога постои опасност од уривање за 2021 год;
    23. Предлог одлука за усвојување на годишен извештај за работа на ОУ МБ ,,Кочо Рацин,, – Пехчево за 2020 година и Програма за работа на ОУ МБ ,,Кочо Рацин,, – Пехчево за 2021 година;
    24. Предлог oдлука за усвојување на годишен извештај на проекти од областа на културата на општина Пехчево за 2020 година;
    25. Предлог oдлука за усвојување на годишна програма за финансирање на проекти од областа на културата на општина Пехчево за 2021 година;
    26. Предлог одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за усогласување на намените на бесправно изградените објекти со намените на земјиштето за КП бр.165 KO Пехчево – Нада Сасанска;
    27. Предлог одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за усогласување на намените на бесправно изградените објекти со намените на земјиштето за КП бр.908 КО Пехчево – Илија Галазов;
    28. Предлог одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за усогласување на намените на бесправно изградените објекти со намените на земјиштето за КП бр.161 КО Пехчево – Сашко Мазаров;
    29. Предлог одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за усогласување на намените на бесправно изградените објекти со намените на земјиштето за КП бр.586/1 КО Пехчево – Љупчо Кажлевски;
    30. Предлог одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за усогласување на намените на бесправно изградените објекти со намените на земјиштето за КП бр.317 КО Пехчево – Бојчовски Димитар;
    31. Предлог одлука за усвојување на Програма за работа на одделението за урбанизам, комунални дејности, заштита на животната средина и ЛЕР, при општина Пехчево за 2021 година;
    32. Предлог одлука за усвојување на Студија за валоризација на природните вредности на Малешевските планини и Влаина со предлог за фомирање на заштитено подрачкје ,,Малешево,,
    33. Предлог одлука за отпочнување на процедура за прогласување на заштитено подрачје Малешево;
    34. Барања од граѓани;
    35. Советнички прашања;
    36. Тековни активности;

    Совет на Општина Пехчево

    Претседател

    Николчо Јовчев с.р

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...