0.2 C
Pehčevo

    Дневен ред на единаесета седница на Советот на општина Пехчево

    Датум:

    Претседателот на Советот на Општина Пехчево, Николчо Јовчев донесе решение за свикување на 11-тата седница на советот.

    11-тата седница на Советот на општина Пехчево е закажана за 03.09.2018 (понеделник), со почеток во 13 часот.

    Седницата ќе се одржи во просториите на општина Пехчево, со предлог на следниот:

    ДНЕВЕН РЕД

    1.      Усвојување на записникот од 10-тата седница на советот на општина Пехчево;

    2.      Предлог одлука за усвојување на тримесечен Извештај за финансиското работење на ЈКП Комуналец за период април – јуни 2018 година;

    3.      Предлог одлука за усвојување на извештај за извршени работи во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за период јануари – јуни 2018 год;

    4.      Одлука за доделување еднократна парична помош на семејствата кои имаат запишано прваче во ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево во учебната 2018/2019 година;

    5.      Предлог одлука за проширување на Буџет на општина Пехчево за 2018 година;

    6.      Предлог одлука за усвојување на дополнување на програмата за изградба, реконструкција и одржување на водоводи и канализациона мрежа, одржување и изградба на речни корита и уредување и изградба на вештачки системи во општина Пехчево за 2018 година;

    7.      Предлог одлука за за преостапување на основно средство Фекална канализација со пречистителна станица на мв. „Чуката,, во Пехчево, од страна на советот на општина Пехчево на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;

    8.      Предлог одлука за преостапување на основно средство Фекална канализација за село Умлена од страна на советот на општина Пехчево на ЈКП ,,Комуналец“ – Пехчево;

    9.      Предлог одлука за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на буџетот на општина Пехчево за период од 01.01.2018 година до 30.06.2018 година;

    10.  Предлог одлука за доделување на благодарници по повод ,,7-ми Септември,, – Денот на ослободување на Пехчево, за 2018 година;

    11.  Предлог одлука за усвојување на годишната програма за работа на ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево за учебната 2018/2019 година;

    12.  Предлог одлука за усвојување на годишен извештај за работа на ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево за учебната 2017/2018 година;

    13.  Предлог oдлука за разрешување и именување на член на Управен одбор на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;

    14.  Барања од граѓани;

    15.  Советнички прашања;

    16.  Тековни активности;

    Совет на општина Пехчево

                                                                                                            Претседател

                                                                                                            Николчо Јовчев с.р

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...