Децат од прво одделение при ООУ „Ванчо Китанов“ по повод ,, Недела на детето ‘‘ја посетија локалната самоуправа и градоначалникот.
Децата се запознаа со работата на вработените во општината. При оваа посета,едукативно беа запознаени од наставничката и градоначалникот, за значењето и функцијата која ја спроведува општината на локално ниво. Како општината воопшто игра клучна улога,во општественото живеење на поединецот. Градоначалникот Игор Поповски, одговараше на безброј поставени прашања за кои учениците пројавија интерес, како и кој се грижи за хигиената во општината, дали ќе има нов Луна парк и кога ќе се постават нови клацкалки и лулашки, а за возврат на градоначалникот Поповски му подарија нивни детски цртежи.
-Ме радува што општинската зграда се почесто е посетувана од страна на децата. Општината е достапна во секое време и сите можат да ја посетат кога сакаат, а посебно се радувам на ваквите посети на дечињата кои се нашата иднина, нашето најголемо богатство, оние на кои најмногу им се радуваме и ги сакаме. Ви се заблагодарувам што не посетивте и ви посакувам многу успеси, истакна градоначалникот на општина Пехчево, Игор Поповски.