-2.5 C
Pehčevo

    Честитка од градоначалникот Поповски за новата 2014 година

    Датум:

    Градоначалник Пехчево

    Почитувани сограѓани,

    Драги пријатели!

    Зад нас останува уште една година. Година која секој од нас може да си ја вреднува на свој начин. Токму затоа во овие моменти секој од нас се потсетува што се сработил за себе, за своето семејство, за својот град и својата татковина. Затоа што со секој наш поединечен успех, придонесуваме за заедничен успех, придонесуваме за земјата во целина, но и за достоинството на сите граѓани на Република Македонија.
    Година во која отворивме нова страница на взаемно почитување, сплотување и големо обединување.

    Огромна благодарност до сите граѓаните кои оваа година со директно учество не поддржуваа во сите наши активности и за храброста што ја влееја во нас. Особено сме горди на зголемената активност на младите луѓе кои што со нас го градат новото модерно општество.

    Пред се и над се сакам искрено да им се заблагодарам на сите граѓани на Пехчево, за довербата која ни ја даваат и верувајте токму таа доверба е нашата најголема движечка сила да продолжиме со работата, со реформите и со создавањето дела кои имаат трајна вредност за сите.

    Во претстојната 2014 година посакувам да ги оствариме сите планови за подобар живот,да бидеме здрави, работливи и вредни, посакувам секој од нас да се радува на своите успеси, како што тоа го правевме во годината која изминува. Да се радуваме на своите успеси во професијата, на успешниот работен ден. Да се радуваме на успесите во школувањето, на стекнатото знаење и проширените погледи кон светот. Посакувам да се радуваме на проширувањето на семејството и на семејните слави и веселби.

    Заеднички и неуморно да работиме за да ги оствариме сите желби за нашиот град и татковина како место на знаење, мирот, сигурноста, правдата, место на еднакви можности за сите.

    Јас како градоначалник на општина Пехчево на сите граѓани им го честитам христијанскиот празник Божиќ и Новата 2014 година, со желба за здравје, среќа и благосостојба.

    Радоста и среќата нека бидат најголеми придружници во годината што ни следи.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...