Под мотото „Позитивна вибрација во градот“ фестивалот „Баскерфест“ по деветти пат го најавува уличниот театар под отворено небо кој годинава ќе се одржува во проширена верзија на ниво на цела Македонија, односно во 21 општина низ целата република.
Пехчевци, за прв пат на 21 јуни ќе може да уживаат во музичките и во акробатските точки на околу 10 артисти на градскиот плоштад во Пехчево во рамките на деветтиот „Баскерфест“.
За адреналинска забава ќе се погрижат познати брејкденсери, магионичари, танчари, жонглери и уметници од далечната Јапонија до Канада преку Нигерија, па се до Нов Зеланд.
Заинтересираните програмата ќе може да ја проследат на 21 јуни 2014г. на градскиот плоштад во Пехчево од 19 до 00 часот по полноќ.
Баскефест е огромен забавен парк за иновации и креативност, во кој сите се добредојдени, а присуството на фестивалот е бесплатно за сите посетители!
Покровител на настанот е општина Пехчево.