За контрола на популацијата на кучињата скитници во рамките на своите надлежности Општина Пехчево ќе спроведе акција на заловување на кучињата скитници и нерегистрираните кучиња. Заловувањето на кучињата скитници ќе се врши од квалификувани лица на начин кој нема да предизвика непотребна болка или страдање и привремено ќе бидат сместени во соодветни објекти – прифаталишта.
Заловувањето на кучињата скитници ке започне од 1 септември 2014 година.
Трошоците кои настануваат со примената на законските одредбите од спроведувањето на оваа акција, паѓаат на товар на сопствениците на кучињата.
За успешна реализација на оваа акција потребна е соработка со граѓаните на општината, односно граѓаните се должни своите кучиња да ги чуваат врзани во своите дворни места, за да не дојде до заловување.
Кучето може да се изведе надвор од дворното место само со кошница на устата и врзано со каиш.
Датум: