-2.6 C
Pehčevo

    12-та Седница на Советот на општина Пехчево

    Датум:

    Претседателот на Советот на Општина Пехчево, Стојче Стефановски донесе решение за свикување на дванаесетата седница на советот.

    12-тата седница на Советот на Општина Пехчево е закажана за среда 21.01.2015 година, со почеток во 14 часот.

    Седницата ќе се оддржи во салата за состаноци на општина Пехчево, со предлог на следниот:

    ДНЕВЕН РЕД
    за 12-та седница на советот на Општина Пехчево

    1. Предлог-Програма за работа на одделението за урбанизам, комунални дејности заштита на животната средина и локален економски развој при општина Пехчево;
    – Подпрограма за ЛЕР за 2015 година;
    – Подпрограма за заштита и спасување за 2015 година;
    – Подпрограма за социјална заштита за 2015 година.
    2. Предлог-Одлука за определување на цената на такси стојалиштата, автобуски станици и стојалиштата во јавниот општински превоз на тереторијата на општина Пехчево;
    3. Предлог-Одлука за користење на просторот пред деловните простории за вршење на дејност и определување на минимална површина за фрижидери пред деловните објекти за 2015 година;
    4. Предлог-Одлука за отпис на комунална такса за истакната фирма и данок на имот за 2015 година;
    5. Предлог-Одлука за утврдување на висината на стапката на данок на имот за 2015 година;
    6. Предлог-Одлука за утврдување на стапката на данок на промет на недвижности за 2015 година;
    7. Предлог Одлука за формирање на Комисија за објекти кога постои опасност од уривање;
    8. Предлог-Одлука за усвојување на Програмата за изградба, реконструкција и одржување на водоводи и канализации во општина Пехчево за 2015 година;
    9. Предлог-Одлука за плаќање на фирмарина, односно назив на деловна просторија за 2015 година;
    10. Предлог-Одлука за усвојување на програмата за јавно осветлување на општина Пехчево за 2015 година;
    11. Предлог-Одлука за користење на просторот пред деловните простории за вршење на дејности;
    12. Предлог-Одлука за условите што мора да ги исполнуваат објектите за нештетно остранување на животински мрши за 2015 година;
    13. Предлог-Одлука за определување на дефицитарни занимања и занаети во изумирање на територијата на општина Пехчево за 2015 година;
    14. Предлог-Одлука за утврдување на висината на стапката на данок на наследство и подарок за 2015 година;
    15. Предлог-Одлука за усвојување на програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Пехчево за 2015 година;
    16. Предлог-Одлука за посебни сообраќајно технички мерки за забавување на сообраќајот за 2015 година;
    17. Предлог-Oдлука за користење на улиците со патнички, товарни моторни возила, автобуси специјални возила и моторцикли;
    18. Предлог-Oдлука за утврдување на пазарната вредност на недвижен имот (Земјоделско земјиште);
    19. Предлог-Oдлука за усвојување на Програмата за изградба реконструкција и одржување на локалните патишта и улици во општина Пехчево за 2015 година;
    20. Предлог-Oдлука за купување отуѓување и оптоварување на недвижен имот сопственост на општина Пехчево за 2015 година;
    21. Предлог-Одлука за донесување на Детелен урбанистички план за дел од Пехчево –општина Пехчево за плански период 2013-2018;
    22. Предлог-Одлука за усвојување на Програмата за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести на територијата на општина Пехчево за 2015 год;
    23. Предлог-Одлука за усвојување на Проценката на загрозеноста на подрачјето на општина Пехчево од сите ризици и околности за 2015 година;
    24. Предлог-Одлука за усвојување на План за заштита и спасување на општина Пехчевo;
    25. Предлог-Одлука за именување на стручно лице – Ракувач за изработка и употреба на планот за спасување
    26. Предлог-Одлука за давање на согласност на дополнување на Правилникот за организација и систематизација на работните места во ОЈУДГ ,,7 Септември Пехчево;
    27. Предлог-Одлука за усвојување на Програмско-финансискиот извештај на Општинската установа –Матична библиотека ,,Кочо Рацин,,-Пехчево за 2014 година;
    28. Разгледување на поднесените програми и проекти од НВО за 2014 година;
    29. Програма за работа на УСК ,,Ванчо Китанов,,-Пехчево;
    30. Отпис на застарени побарувања од добавувачи;
    31. Барања од граѓани;
    32. Советнички прашања;
    33. Тековни активности.

    Совет на Општина Пехчево
    Претседател
    Стојче Стефановски с.р

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...