Надлежности на совет

Согласно Член 36 од Закон за локалната самоуправа:

(1) Советот:
1. Го донесува статутот на општината и други прописи;
2. Донесува буџет на општината и годишна сметка на општината;
3. Ја утврдува висината на сопствените извори на приходи за
финансирање на општината, во рамките утврдени со закон;
4. Основа јавни служби во рамките на надлежноста на општината и
врши надзор над нивната работа;
5. Именува членови во управните одбори на јавните служби, кои ги
основа;
6. Усвојува програми за работа и финансиски планови за
финансирање на јавните служби, кои ги основала општината;
7. Ги усвојува извештаите за извршување на буџетот и годишната
сметка на општината;
8. Одлучува за давање дозвола за вршење дејност од јавен интерес
од локално значење, во согласност со закон;
9. Ги усвојува извештаите за работата и годишните сметки на јавните
служби, кои ги основала општината;
10. Одлучува за начинот на располагање со сопственоста на
општината;
11. Одлучува за начинот на вршење на финансиска контрола на
буџетот на општината, во согласност со закон;
12. Го избира лицето кое раководи со подрачната единица на
Министерството за внатрешни работи во општината, во согласност со
закон;
13. Го разгледува и усвојува годишниот извештај за јавната
безбедност на подрачјето на општината, кој го доставува до министерот за
внатрешни работи и народниот правобранител;
14. Може да дава препораки на раководното лице на подрачната
единица на Министерството за внатрешни работи од областа на јавната
безбедност и безбедноста во сообраќајот и
15. Врши и други работи утврдени со закон.

(2) Доколку советот не ги усвои извештаите од ставот (1) точките (7)
и (9) на овој член, може да покрене постапка за вршење на контрола над
материјалното и финансиското работење пред надлежниот орган за
надзор.

(3) Раководното лице од ставот (1) точка 12 на овој член е избрано
ако за него гласале мнозинство од сите совети на општините, кои ги
опфаќа подрачната единица на Министерството за внатрешни работи.

————————————————————————————————————————————————————————————————————

 

Согласно Член 30 од Статут на општина Пехчево:

Советот на општината ги врши следните работи:

  1. Донесува Статут на Општината;
  2. Донесува Деловник за работа на Советот;
  3. Донесува Програма за работа;
  4. Донесува Буџет на Општината и Годишна сметка на Општината;
  5. Донесува Генерален урбанистички план;
  6. Донесува детални урбанистички планови и урбанистичка документација на населено место во општината;
  7. Донесува Програма за уредување на градежно земјиште;
  8. Донесува Програма за одржување на сообраќајната сигнализација;
  9. Донесува Одлука за регулирање на режимот на сообраќајот;
  10. Донесува прописи од областа на заштитата на животната средина и природата, локалниот економски развој, културата, спортот и рекреацијата, социјалната заштита и заштита на децата, образованието, здравствената заштита, противпожарната заштита, во рамките на надлежноста определена со посебен Закон или во согласност со национална програма;
  11. Донесува програма за изградба и одржување на локални патишта и улици;
  12. Донесува Програма за јавно осветлување;
  13. Донесува Програма за изградба, реконструкција и одржување на локални водоводи;
  14. Донесува Програма за одржување на јавна чистота;
  15. Донесува Програма за одржување и користење на парковите и други јавни површини од локално значење;
  16. Донесува програма за одржување на гробиштата;
  17. Донесува програма за одржување и користење на реките во урбанизирани подрачја;
  18. Донесува Одлука за јавна чистота;
  19. Донесува Одлука за начинот на превоз во градскиот и приградскиот сообраќај;
  20. Донесува Одлука за одржување и користење на јавните пазаришта;
  21. Донесува Одлука за начинот на користење и одржување на гробиштата;
  22. Го уредува одржувањето на јавниот простор за паркирање и начинот на неговото користење;
  23. Определува имиња на улици, проштади, мостови и други инфраструктурни објекти од локално значење;
  24. Ја утврдува организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на општинска администрација, на предлог на градоначалникот;
  25. Основа јавни служби и врши надзор над нивната работа;
  26. Именува членови во управните одбори на јавните служби, кои ги основал;
  27. Усвојува програми за работа и финансиски планови за финансирање на јавните служби кои ги основал;
  28. Одлучува за давање дозвола за вршење дејност од јавен интерес од локално значење, во согласност со Закон;
  29. Ги усвојува извештаите за работа и годишните сметки на јавните служби, кои ги основал;
  30. Одлучува за начинот на располагање со сопственоста на општината;
  31. Одлучува за начинот на вршење на финансиска контрола на Буџетот на општината, во согласност со закон;
  32. Го разгледува и усвојува годишниот извештај на јавната безбедност на подрачјето на општината, и го доставува до министерот за внатрешни работи и народниот правобранител;
  33. Избира и разрешува претседател на Советот;
  34. Формира постојани и повремени комисии;
  35. Врши одделни овластувања во согласност со закон врз добрата од општа употреба и врз природните богатства на подрачјето на општината;
  36. Востановува општински награди и признанија;
  37. Дава мислење по предлог законите кои се однесуваат на општината;
  38. Врши избори и именувања од своја надлежност;
  39. Донесува други одлуки за работите од своја надлежност;
  40. Врши и други работи утврдени со Закон.