Сообраќај и комуникациja

Со внатрешноста на Републиката и останатите административни, стопански и културни центри општина Пехчево комуницира преку два регионални патни правци:

– Берово-Виница-Кочани  М 527;

– Делчево-Пехчево-Берово-Струмица  М 523.

Комуникациски е добро поврзано со регионални патишта кон Делчево, Берово и Виница (Кочани), а оддалеченоста од Скопје изнесува 170 км или 2,5 часа. Исто така, асфалтни патишта има до секое село во општината, потоа до туристичкиот локалитет Равна Река и други локалности. Вкупната патна мрежа во општината Пехчево изнесува над 150 км.