Акција за општествено корисна работа за подобрување на животната средина денеска се спроведе во општина Пехчево од страна на општинската администрација. Во акцијата акцент беше ставен на чистење на дивите депонии, подигнување на комуналниот отпад, чистење на улиците и парковите како и фарбање на оградите на мостовите на пехчевска река. Општина Пехчево својата заложба за почиста и поздрава животна средина ја вбројува меѓу најважните приоритети за дејствување и за таа цел ги замоливме граѓаните да се придржуваат кон нормативите за поздрава и почиста животна средина!