Градоначалник

ig baner

  Игор Поповски Градоначалник на Општина Пехчево

 

Надлежности на градоначалникот

  • Ја претставува и застапува општината;
  • Ја контролира законитоста на прописите на советот;
  • Ги објавува прописите на советот во службено гласило на општината;
  • Го обезбедува извршувањето на одлуките на Советот;
  • Го обезбедува извршувањето на работите коишто со закон и се делегирани на Општината;
  • Иницира и предлага донесување на прописи од надлежност на Советот;
  • Го предлага годишниот буџет и годишната сметка на буџетот на Општината;
  • Го извршува буџетот на општината;
  • Избира директори на јавни служби кои ги основала Општината врз основа на јавен конкурс;
  • Редовно го известува Советот за извршувањето на своите надлежности во согласност со Статутот;
  • Решава за управни работи за права, обврски и интереси на правни и физички лица во согласност со законот;
  • Донесува правилник за систематизација на работните места на општинската администрација;
  • Раководи со општинската администрација;
  • Одлучува за вработувањето, правата, должностите и одговорностите на вработените во општинската администрација доколку поинаку не е определено со закон;
  • Обезбедува правилно и законско користење, одржување и заштита на сопственоста на општината во согласност со законот и со Статутот;
  • Врши и други работи утвдени со законот и со Статутот.

 

Биографија (CV) на градоначалникот

Дата и место на раѓање:  27.06.1973  во Делчево

Националност:  Македонец

Адреса на живеење:  ул. ,, Велко Влаховиќ ’’ бр.9  Пехчево

Државјанство:  Р.Македонија

Брачен статус:  Оженет 

Образование и квалификации:

Основно образование завршува во Пехчево. Средно образование завршува во ,, Орце Николов ’’ – Скопје, како електро техничар.

Високо образование завршува на Природно математички факултет во Скопје, насока математика – физика.

Професионален ангажман:

 Од 1998 година основач и косопственик на претпријатието за превоз на патници ,, Андон Компани ’’ – Пехчево

– Од 2001 – 2013 работи како професор по математика во ОУ. ,, Дедо Иљо Малешевски ’’ – Берово.

– А исто така од 2009 – 2013 година е и Претседател на советот на Општина Пехчево.

Други вештини и постигнувања:

Има дадено голем придонес во водењето и успешното работење како и афирмација на претпријатието ,, Андон Компани ’’ – Пехчево. Национален тренер по математика со размислување. Учествува на повеќе семинари и курсеви околу образованието и има добри познавања од областа на информатиката. Има освоено многу награди на републичко ниво од областа на математиката и има добиено сертификати од областа на информатиката. Познавање на англискиот и рускиот јазик и има возачка дозвола во сите категории.

Општина Пехчево © 2013 - Сите права се задржани.

Изработил Сашко Павловски