ГИС на природни непогоди

Природни непогоди се појави на нарушување на стабилноста на природните системи со дејство на природните процеси, во последно време значително модифицирани со антропогени влијанија. Доколку нанесат големи штети, природните непогоди се нарекуваат природни катастрофи. Под природни непогоди се подразбираат земјотреси, поплави, порои, атмосверски непогоди, суши, снежни наноси, лавини, натрупување на мраз на водотек, одрони, лизгање на земјиштето и пожари. Секоја област на земјината површина во зависност од компексот на физичко географските услови има свои специфичности и природни предиспозиции за одредени појави и процеси, а со тоа и за одредени видови на природни непогоди. Сите природни непогоди без оглед на големите суштински разлики имаат некои заеднички својства и тоа:

1.  Просторна одреденост (се појавуваат и настануваат на одредено место, а нивните последици се манифесираат на помала или поголема површина),
2.  Временска одреденост (можат да траат од неколку секунди или минути до неколку дена или месеци),
3.  Одредена зачестеност (периодично можат да се појавуваат),
4.  Последици (зависат од силината, зачестеноста и траењето на непогодата).

Црничко-свлеч

Големото свлечиште кај селото Црник е проблем за локалното население, а постои опасност земјишната маса да се слизне и да го прегради речното корито

Постојат различни класификации на природните непогоди во однос на причината за нивното настанување, потоа средината каде се јавуваат големината на предизвиканите штети, должината на траењето и други фактори. На подрачјето на Република Македонија како најважни потенцијални непогоди се издвојуваат: земјотреси, свлечишта, одрони, поплави, претерана ерозија, сушите, временските непогоди и пожарите. Сите овие појави се карактеристични и за подрачјето на општината Пехчево. Некои се јавуваат речиси секоја година, а други многу поретко (земјотреси). Исто така, некои непогоди може да предизвикаат значителни штети и последици во просторот. Во таа смисла просторната дистрибуција на непогодите претставува прв чекор во правилно управување со самите непогоди и спречување на нивните последици. Од непогодите кои во најголем дел се антропогено предизвикани, за општината Пехчево се карактеристични: претераната ерозија и акумулација на нанос во низводните делови, нагли поплави, појава на свлечишта, одрони и пожари. Тука спаѓаат и честите но краткотрајно суши, а како значаен потенцијален геохазард се земјотресите.

81-NEPOGODI-KOMBINIRANA

Комбиниран ГИС модел на подрачја загрозени со природни непогоди во општината Пехчево (ерозија, свлечишта, поплави и пожари).

Општина Пехчево © 2013 - Сите права се задржани.

Изработил Сашко Павловски