Претседателот на Советот на Општина Пехчево, Стојче Стефановски донесе решение за свикување на 30 седница на советот.
30-тата седница на Советот на општина Пехчево е закажана за вторник 14.03.2017 година, со почеток во 09 часот.
Седницата ќе се одржи во просториите на општина Пехчево, со предлог на следниот:
ДНЕВЕН РЕД
за 30-та седница на советот на Општина Пехчево
- Усвојување на записникот од 29-та седница на советот на општина Пехчево;
- Предлог одлука за усвојување на финансов план на ЈПУД ,,Равен,, – Пехчево за 2017 година;
- Предлог одлука за усвојување на Програмата за работа на ЈПУД ,,Равен,, -Пехчево, за 2017 година;
- Предлог одлука за усвојување на завршната сметка на ЈПУД ,,Равен,, – Пехчево за 2016 година;
- Предлог одлука за усвојување на финансиски план на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за 2017 година;
- Предлог одлука за усвојување на годишниот план за јавни набавки за 2017 година на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;
- Предлог одлука за усогласување на стопанисувањето на претпријатието (ЈКП ,,Комуналец,,) со градските гробишта;
- Предлог одлука за одредување на висината на цената на извршена комунална услуга ,,Чистење на оџаци на физички и правни лица,,;
- Предлог одлука за зголемување на паричниот надоместок за дневница на членовите на управен одбор на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;
- Предлог одлука за усвојување на извештајот за извршени работи на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево во 2016 година;
- Предлог одлука за усвојување на Финансискиот извештај за работењето на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за период од 01.01.2016 година до 31.12.2016 година;
- Предлог одлука за усвојување на завршната сметка на JKП ,,Комуналец,, – Пехчево за 2016 година;
- Предлог одлука за усвојување на Годишниот план за вработување во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за 2018 година;
- Предлог одлука за усвојување на полугодишниот извештај за работа на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за учебната 2016/2017 година;
- Предлог одлука за усвојување на годишната завршна сметка на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за 2016 година;
- Предлог одлука за усвојување на годишната завршна сметка на ОУ МБ ,,Кочо Рацин,, – Пехчево за 2016 година;
- Преедлог одлука за усвојување на годишната завршна сметка на општина Пехчево за 2016 година;
- Предлог одлука за усвојување на кварталниот извештај за извршување на буџетот на општина Пехчево за период од 01.01.2016 година до 31.12.2016 година;
- Предлог одлука за усвојување на годишната завршна сметка на ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево за 2016 година;
- Предлог одлука за формирање на групи со поголем и помал број на деца во ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево;
- Легализации;
- Барања од граѓани;
- Советнички прашања;
- Тековни активности.
Совет на Општина Пехчево
Претседател
Стојче Стефановски с.р