Врз основа на член 37 став 1 од Законот за локална самоуправа (Службен весник на РМ бр.5/2002), Ве известуваме дека првата Конститутивна седница на Советот на општина Пехчево ќе се одржи на ден 18.11.2021 година (четврток) во 11:00 часот во просториите на општина Пехчево. Конститутивната седница ќе се одржи со следниот
ДНЕВЕН РЕД
- Предлог одлука за формирање на комисија за верификација, мандатни прашања, избори и именувања;
- Предлог одлука за верификација на мандатите на членовите на Советот на општина Пехчево;
- Предлог одлука за избор на кандидациона комисија;
- Предлог одлука за избор на Претседател на Советот на општина Пехчево;
Напомена: Секој член на Советот, на седницата да го носи Уверението за избор на член во Советот на општина Пехчево, лична карта и копија од трансакциска с-ка.
Претседател на совет
од претходен состав
Николчо Јовчев