првачиња – Општина Пехчево https://pehcevo.gov.mk Општина препознатлива за сите Thu, 01 Oct 2020 08:02:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=5.5.3 Возбуда, радост – прв пат во школските клупи – Првачиња среќно! https://pehcevo.gov.mk/vozbuda-radost-prv-pat-vo-shkolskite-klupi-prvachina-srekno/ Thu, 01 Oct 2020 08:02:10 +0000 https://pehcevo.gov.mk/?p=6909 Во услови на пандемија предизвикана од појавата и ширењето на вирусот Ковид-19, а согласно Планот и протоколите за организација, што ги подготвија институциите и Министерството за образование и наука, официјално започнува новата учебна година во ООУ.„Ванчо Китанов“ во општина Пехчево, каде наставата ќе се реализира и со физичко присуство и од далечина. Џагор, радост, но […]

The post Возбуда, радост – прв пат во школските клупи – Првачиња среќно! appeared first on Општина Пехчево.

]]>
Прв училишен денВо услови на пандемија предизвикана од појавата и ширењето на вирусот Ковид-19, а согласно Планот и протоколите за организација, што ги подготвија институциите и Министерството за образование и наука, официјално започнува новата учебна година во ООУ.„Ванчо Китанов“ во општина Пехчево, каде наставата ќе се реализира и со физичко присуство и од далечина.

Прв училишен ден2

Џагор, радост, но и понекоја солза – првачињата денес прв пат седнаа во училишните клупи. Детските насмевки и лицата на гордите родители кои неможат да поверуваат дека нивното малечко тргнува на училиште ги исполнија училиштата во општина Пехчево.

Првачињата и учениците беа пречекани од наставниците и директорката во дворот на училиштето Ванчо Китанов, а освен директорката и наставниците, топло добредојде им посака и градоначалникот на општина Пехчево, Драган Тренчовски.

Прв училишен ден1

-Добредојдовте првачиња и сите други ученици. Ова е првиот училиштен ден за оваа година, која искрено се надевам ќе биде исполнета со успеси и среќни моменти за секого од вас. Оттука почнуваат најубавите спомени, од училишните клупи, првите успешни резултати ќе ги донесете од своето училиште и ќе ги израдувате вашите родители. Овој ден е посебен и за секој родител. Особено се радувам што училиштата во Пехчево изобилуваат со прекрасни услови, прекрасен професионален образован кадар, а поддршката секако е проследена од тимови на Општина Пехчево, кој неуморно и организациски работи, истакна Тренчовски.

Тој додаде дека и покрај предизвиците и проблемите со пандемијата верува дека во Пехчево ќе има успешна учебна година.

-Оваа година ќе биде многу поразлична од другите, бидејќи, пандемијата предзвика промени, а образовниот процес за многу кратко време мораше да претрпи целосна трансформација. Верувам дека и покрај предизвиците и проблемите со кои се соочуваме со пандемијата, ќе имаме успешна учебна година, дека ќе научите нови вештини и дека квалитетот на образовниот процес ќе биде на високо ниво, додаде Тренчовски.

Прв училишен ден3

Инаку, градоначалникот на 33 првачиња кои го започнаа своето образование во општина Пехчево им врачи комплет училишен прибор, обезбедени од локалната самоуправа.

Во општина Пехчево новата учебна година ја започнаа 298 ученици.

The post Возбуда, радост – прв пат во школските клупи – Првачиња среќно! appeared first on Општина Пехчево.

]]>
Првачињата од ООУ. ,, Ванчо Китанов “ – Пехчево станаa дел од Детската организација https://pehcevo.gov.mk/prvachinata-od-oou-vancho-kitanov-pehchevo-stanaa-del-od-detskata-organizatsija/ Thu, 10 Oct 2019 12:19:24 +0000 https://pehcevo.gov.mk/?p=6507 По повод одбележување на Детската недела, денеска во основното училиште „ Ванчо Китанов“ во Пехчево беа реализирани повеќе активности меѓу кои и пригодна приредба за прием на првачињата во Детската организација. Првачињата дадоа свечена заклетва со која се обврзуваат дека ќе учат вредно и ќе постигнат резултати во учебната година.Учениците од повисоките одделенија во нивна […]

The post Првачињата од ООУ. ,, Ванчо Китанов “ – Пехчево станаa дел од Детската организација appeared first on Општина Пехчево.

]]>
Детска организацијаПо повод одбележување на Детската недела, денеска во основното училиште „ Ванчо Китанов“ во Пехчево беа реализирани повеќе активности меѓу кои и пригодна приредба за прием на првачињата во Детската организација.

Првачињата дадоа свечена заклетва со која се обврзуваат дека ќе учат вредно и ќе постигнат резултати во учебната година.Учениците од повисоките одделенија во нивна чест реализираа свечена приредба.

Детска организација3

-Оваа манифестација е во рамките одбележувањето на неделата за детето и на овој начин првачињата ги воведуваме во образовниот процес.Од друга страна ги запознаваме со нивните права, за кои подоцна во училиштето ќе се говори повеќе како и за обврските кои треба да ги исполнат.Во оваа пригода сакам да им посакам добедојде, пријатен престој во училиштето и успех во учењето на нашите нови ученици -рече директорката Добрилка Јовевска.

Детска организација2

На свеченоста присуствуваше и градоначалникот на Општина Пехчево, Драган Тренчевски. Тој им го честита приемот на дечињата во светската детска организација.

-“Вложувањето во децата е вложување во иднината – ова е чест слоган на Обединетите Нации, кој се однесува на детската популација. Сите деца имаат право да живеат во демократско и хумано општество, во кое постојат услови младите од сите возрасти, па и оние најмалите, добро да се подготват за предизвиците и промените со кои ќе се судрат во утрешнината која доаѓа.

Драги деца,

Ви посакувам на вашиот животен пат, полека но сигурно, да се стекнете со мудроста од која ова општество ќе биде уште подобро и поубаво место за живеење. Ви се обраќам денеска со пораката дека Вие сте нашето најголемо богатство. Минувајте го слободното време во дружење, спортување и учење, бидејќи моќта е во знаењето. Сакајте ги своите родители, сакајте го своето семејство и почитувајте ги најблиските. Само така, Вашите родители ќе бидат горди на Вас, а покрај нив и ние како општина”, рече Тренчовски.

Детска организација4

Првачињата ја положија свечената заклетва и со читање на детските права свечено беа примени во Детската организација.

Инаку, општина Пехчево со одлука од Советот на Општина Пехчево на сите првачиња оваа година им додели по 1500 денари.

The post Првачињата од ООУ. ,, Ванчо Китанов “ – Пехчево станаa дел од Детската организација appeared first on Општина Пехчево.

]]>
Започна новата учебна година 2019/2020. Среќен почеток ПРВАЧИЊА https://pehcevo.gov.mk/zapochna-novata-uchebna-godina-2019-2020-sreken-pochetok-prvachina/ Tue, 03 Sep 2019 07:27:12 +0000 https://pehcevo.gov.mk/?p=6456 Со звукот на звончето и официјално започна новата учебна година во ООУ.„Ванчо Китанов“ во Пехчево. Во општина Пехчево новата учебна година ја започнаа 305 ученици, додека во училишните клупи за прв пат седнаа 39 првачиња. Градоначалникот Драган Тренчовски на сите првачиња, честитајќи им го првиот ден на училиште и посакувајќи им среќа и успех во […]

The post Започна новата учебна година 2019/2020. Среќен почеток ПРВАЧИЊА appeared first on Општина Пехчево.

]]>
Првачиња1

Со звукот на звончето и официјално започна новата учебна година во ООУ.„Ванчо Китанов“ во Пехчево. Во општина Пехчево новата учебна година ја започнаа 305 ученици, додека во училишните клупи за прв пат седнаа 39 првачиња.

Првачиња4

Градоначалникот Драган Тренчовски на сите првачиња, честитајќи им го првиот ден на училиште и посакувајќи им среќа и успех во учењето,  им дари училишен прибор, а упати и честитки за првиот училишен ден и на сите ученици им посака успеси во новата наставна година.

Првачиња2

-Од денес започнува вашата трка по знаења во која од ден на ден ќе бидете се побогати и побогати. Треба да ги почитувате и слушате вашите наставници, затоа што тие ви го мислат најдоброто, затоа што учителката е вашата втора мајка. Јас не се сомневам дека ќе биде така, бидејќи како што ве гледам, сите вие до еден сте прекрасни и умни деца. Првото училишно ѕвонче е само вовед во првата научена буква, првото напишано зборче, првата научена песничка, првата решена задача и уште многу други нешта. На тој начин ќе се стекнувате со нови знаења кои за вас ќе бидат од непроценливо значење. Затоа, бидете горди што тргнувате во училиште. Бидете горди што сте првачиња, рече во својот поздравен говор пред првачињата, нивните родители и наставниците, градоначалникот Тренчовски.

Првачиња3

Инаку, денес градоначалникот Тренчовски ги посети и им посака среќна учебна година и на дечињата од детската градинка „7 Септември“ и на сите групи во градинката им подари сликовници.

The post Започна новата учебна година 2019/2020. Среќен почеток ПРВАЧИЊА appeared first on Општина Пехчево.

]]>
Општина Пехчево гордо ја пречека новата генерација на првачиња https://pehcevo.gov.mk/opshtina-pehchevo-gordo-ja-precheka-novata-generatsija-na-prvachina-3/ Mon, 03 Sep 2018 09:13:30 +0000 https://pehcevo.gov.mk/?p=6031 Денес (03.09.2018) со првото училишно ѕвонче отпочна новата учебна 2018/19 година. Официјалниот почеток на новата учебна година, општина Пехчево гордо ја пречека новата генерација на првачиња што говори многу за нашата традиција и фактот дека многу познати и успешни личности од јавниот, општествениот и политичкиот живот своето основно образование го стекнале токму овде, во нашата […]

The post Општина Пехчево гордо ја пречека новата генерација на првачиња appeared first on Општина Пехчево.

]]>
Денес (03.09.2018) со првото училишно ѕвонче отпочна новата учебна 2018/19 година.

ученици

Официјалниот почеток на новата учебна година, општина Пехчево гордо ја пречека новата генерација на првачиња што говори многу за нашата традиција и фактот дека многу познати и успешни личности од јавниот, општествениот и политичкиот живот своето основно образование го стекнале токму овде, во нашата општина, што кажува за квалитетот на воспитно-образовниот кадар со кој располагаме, низ сите овие години на постоење и работење на училиштето Ванчо Китанов во општината.

Градоначалникот на Општина Пехчево, Драган Тренчовски, во свое лично име, од име на Советот на Општина Пехчево и од името на сите граѓани на Пехчево, упати честитки за првиот училишен ден и на сите ученици им посака успеси во новата наставна година. На најмалите, на првачињата градоначалникот им порача дека од денес училиштето е нивниот втор дом.

Ученици1

Во ООУ.„Ванчо Китанов“ денеска новата учебна 2018/2019 година ја почнаа 310 ученика, а 20 првачиња.

Првачиња

Локалната самоуправа на сите првачиња им подари училишен прибор (тетратки, моливи, острилки, боички, блокчиња и др), што кај нив предизвика голма радост.

????????????????????????????????????

Инаку, денес градоначалникот Тренчовски ги посети и им посака среќна учебна година и на дечињата од детската градинка „7 Септември“ и им подари звучни сликовници.

The post Општина Пехчево гордо ја пречека новата генерација на првачиња appeared first on Општина Пехчево.

]]>
Првачињата од ООУ. ,, Ванчо Китанов “ – Пехчево станаa дел од Детската организација https://pehcevo.gov.mk/ucenicite-od-od-prvo-oddelenie-pri-vanco-kitanov-stanaa-del-od-detskata-organizacija/ Fri, 10 Oct 2014 13:09:18 +0000 http://pehcevo.gov.mk/?p=2787 По повод одбележување на Детската недела, денеска во основното училиште „Ванчо Китанов“ -Пехчево беа реализирани повеќе активности меѓу кои и пригодна приредба за прием на првачињата во Детската организација. Во сите држави членки на Обединетите нации првата полна недела од месецот Октомври е почеток на детската недела, по тој повод во училиштето ,, Ванчо Китанов […]

The post Првачињата од ООУ. ,, Ванчо Китанов “ – Пехчево станаa дел од Детската организација appeared first on Општина Пехчево.

]]>
По повод одбележување на Детската недела, денеска во основното училиште „Ванчо Китанов“ -Пехчево беа реализирани повеќе активности меѓу кои и пригодна приредба за прием на првачињата во Детската организација.

По повод одбележување на Детската недела, денеска во основното училиште „Ванчо Китанов“ -Пехчево беа реализирани повеќе активности меѓу кои и пригодна приредба за прием на првачињата во Детската организација.

По повод одбележување на Детската недела, денеска во основното училиште „Ванчо Китанов“ -Пехчево беа реализирани повеќе активности меѓу кои и пригодна приредба за прием на првачињата во Детската организација.
Во сите држави членки на Обединетите нации првата полна недела од месецот Октомври е почеток на детската недела, по тој повод во училиштето ,, Ванчо Китанов ’’се организираше свечена програма на која што учениците од прво одделение го дадоа своето ветување и беа примени во светската детска организација.

По повод одбележување на Детската недела, денеска во основното училиште „Ванчо Китанов“ -Пехчево беа реализирани повеќе активности меѓу кои и пригодна приредба за прием на првачињата во Детската организација.
На свеченоста присуствуваше и градоначалникот на Општина Пехчево Игор Поповски, која ги поздрави учениците и воспитно-образовниот кадар.
Деновиве, кога со низа активности ја одбележуваме Светската недела на детето, не смееме да заборавиме дека училиштето е нивниот втор дом. Патот до успехот е безусловно зависен и од квалитетното школување. Вложувањето во децата е вложување во иднината. Сите деца имаат право да живеат во демократско и хумано општество, во кое постојат услови младите од сите возрасти, па и оние најмалите, добро да се подготват за предизвиците и промените со кои ќе се судрат во утрешнината која доаѓа, истакна Поповски.

По повод одбележување на Детската недела, денеска во основното училиште „Ванчо Китанов“ -Пехчево беа реализирани повеќе активности меѓу кои и пригодна приредба за прием на првачињата во Детската организација.
Првачињата ја положија свечената заклетва и со читање на детските права свечено беа примени во Детската организација.

The post Првачињата од ООУ. ,, Ванчо Китанов “ – Пехчево станаa дел од Детската организација appeared first on Општина Пехчево.

]]>