7.1 C
Pehčevo

    Образование

    Датум:

    Школа

    Општинско основно училиште ,, Ванчо Китанов ,, во Пехчево својата образовно – воспитна дејност ја започнува по ослободувањето – есента во 1944 година, прво во просториите на поранешната касарна, потоа во стариот училишен објект. Во наредните години и децении училиштето растело и се развивало во секој поглед. Училиштето има 24 училници кои се опремени со компјутер за секое дете, шест кабинети по : информатика, биологија, физика, хемија, ликовно и по музичко образование и една работилница по техничко образование. Училиштето одржува и училишна библиотека со фонд од 7600 наслови од лектирни изданија, стручна, уметничка и друга литература. Денес во составот на ОУ ,, Ванчо Китанов ,, во Пехчево работат и пет подрачни училишта во селата : Црник, Панчарево, Робово, Умлена и Чифлик.

    Во ОУ ,, Ванчо Китанов ,, – Пехчево 2008/09 започна реализација на проектот на Владата на Република Македонија за задолжително средно образование,така што почнувајќи од 2008/09 година,настава се изведува и за средно гимназиско образование во 6 дисперзирани паралелки на Средното општинско училиште – Гимназија Ацо Русковски во Берово.

    Ул.,,Даме Груев,,бр.1

    Тел: 033/441-126

    Факс: 033/441-126

    E-mail: vanco.kitanov@yahoo.com

    Директор: Ванчо Сивевски

    Извештај од самоевалуација – учебна 2014/2015 г. пдф

     

    градинка

    Општинската јавна установа – Детската градинка ,,Јане Сандански,, во Пехчево е основана во 1977 година.Нејзиното основање е одговор на нараснатите потреби за организирано институционално згрижување и воспитание на предучилишните деца.

    Почетокот е скромен со мал број вработен стручен и помошен персонал.Меѓутоа интересот за сместување на децата брзо растеше,па така се зголемуваше и приемот на воспитен и административно техничкиот состав.

    Условите за работа и за постигнување на поквалитетно згрижување и поквалитетна воспитно-образовна дејност битно се подобрија со изградбата на новиот наменски објект: Општинската јавна установа – Детската градинка ,,Седми септември,, во Пехчево која успешно функционира повеќе од три децении.

    Детската градинка ,,Седми септември,, во Пехчево негува постојана консултативна и друга успешна соработка Општината,Министерство за труд и социјална политика и со јавните институции во Општината – Пехчево: Основното училиште ,,Ванчо Китанов,, Народната библиотека ,,Кочо Рацин,, Домот на културата ,,Јане Сандански,, и други како и со невладини асоцијации и стопански субјекти.Доста време и труд се посветува на соработката со други детски градинки во регионот и во државата ( Берово,Делчево,Виница и др.) а исто така и со соодветни установи во други земји: детска градинка ,,Индира Ганди,, од Правец – Република Бугарија.

    Градинката мошне грижливо работи на детското ангажирање во културно – забавниот живот,преку кое развиваме и остваруваме различни интелектуални,емоционални и особено социјални чувства и однесување.Во тој поглед важна воспитно – образовна улога има Игротеката,во која се одржуваат и роденденски прослави.

    Традиционални приредби во детската градинка се: Априлијада,Новогодишна бајка,Недела на детето и др.на кои присуствуваат и родителите.

    Ул.,,Даме Груев,, бб

    Тел: 033/441-331

    Факс: 033/441-331

    e-mail: detskagradinkapehcevo@yahoo.com

    Директор: Гордана Вазлиска

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 6-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Јавен повик за доставување на понуди за реконструкција на административна зграда на општина Пехчево

    Република Северна Македонија   БАРАЊЕ ЗА ПОНУДИ за   За  Реконструкција на административна...