Со 6 гласа за и 5 гласа против, Николчо Јовчев од СДСМ и коалицијата е избран за претседател на новиот Совет на општина Пехчево.
Свечената седница ја започна поранешниот претседател на Советот Стојче Стефановски, кој им честиташе на сите избрани советници, а честитка упати и до новиот градоначалник Драган Тренчовски.
На свечената конститутивна седница, пред изборот на Претседателот на Советот, претседаваше најстариот советник, Борис Зарински, при што се изврши верификација на мандатот на членовите на новиот состав на Советот на Општина Пехчево, по што новите членови на Советот дадоа свечена изјава.
Јовчев доби поддршка од своите сопартијци, додека опозициската ВМРО-ДПМНЕ го предложи Борис Зарински, за кои гласаа 5 членови.
-Ми претставува голема чест , но и огромна одговорност што ја добивам довербата за функцијата за претседател на Советот на општина Пехчево.Во наредниот четири годишен мандат, ние советниците, заедно со градоначалникот на општина Пехчево, ќе ги реализираме сите проекти што ги ветивме за време на изборите. Сигурен сум дека со новиот градоначалник Драган Тренчовски, ќе имам одлична соработка, и заедно со севетниците ќе ги гласаме едногласно одлуките кои ќе бидат за доброто на граѓаните, истакна Јовчев.
На седницата присутен беше и градоначалникот на општина Пехчево, Драган Тренчовски, кој на советниците им посака успешна работа во Советот, но и добра соработка на релација градоначалник – член на Совет, и како што рече заедно да работиме во интерес на граѓаните.
-Очекувам, како градоначалник уште од самиот старт да воспоставам добра соработка со претседателот на Советот и со сите советници, затоа што таквата соработка е повеќе од неопходна за доброто на општината и сите нејзини граѓани. Искрено се надевам дека на тој начин ќе овозможиме брз прогрес на општината на сите можни полиња. Граѓаните тоа го очекуваат од нас и ние сме должни да ги исполниме тие нивни очекувања, рече градоначалникот Тренчовски.
Советници во општина Пехчево:
1. | НИКОЛЧО ЈОВЧЕВ |
2. | ЈОВАНКА ПЕШНАЧКА |
3. | ГОРАН АЈТАРСКИ |
4. | ЈОВАН ПЕШАНСКИ |
5. | БОРИС ЗАРИНСКИ |
6. | ДОБРИЛА ЈОВЕВСКА |
7. | КАЛИНКА СТАНОЕВСКА |
8 | БОРИС МАГДОВ |
9. | АЛЕКСАНДАР КИТАНСКИ |
10. | АЛИЛ ГРУТКОВ |
11. | МАРТИН АНДОНОВСКИ |