БУЏЕТСКИ ФОРУМ ПЕХЧЕВО 2024
Во организација на локалната самоуправа во општина Пехчево, денес се одржа првата форумска сесија од буџетскиот форум за буџетот на општина Пехчево за 2024г.
Целта на буџетскиот форум е граѓаните да добијат целосен увид во приходите и расходите на општината и со свои предлози да учествуваат во креирањето на општинскиот буџет за 2024 година, во рамките на стратешкиот развоен план и приоритетите за развој на општината за наредната година.