Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.05/02), и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.03/2021), ja свикувам 28-та седница на Советот на општина Пехчево за ден 26.08.2024 година (понеделник). 28-та седница на советот на општина Пехчево ќе се одржи во просториите на општина Пехчево, со почеток во 15:00 часот. За работа на седницата го предлагам следниот:
ДНЕВЕН РЕД
1. Усвојување на записникот од 27-та седница на советот на општина Пехчево;
2. Предлог одлука за давање согласност на Одлуката од УО на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за наплата на извршни предмети без камата;
3. Предлог одлука за усвојување на годишна програма за работа на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за учебната 2024 – 2025 година;
4. Предлог одлука за давање на мислење за реализација на годишната програма за изведување на ученички екскурзии, излети и други слободни активности за ученици од 3, 6 и 9 одделение во ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за учебната 2024/2025 година;
5. Предлог одлука за усвојување на Годишен план за вработување во општина Пехчево за 2025 година;
6. Предлог одлука за усвојување на годишен извештај за работа на ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево за 2023/2024 година;
7. Предлог одлука за усвојување на Програма за работа на ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево за 2024-2025 година;
8. Предлог одлука за утврдување на почетокот и завршетокот на работното време на ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево;
9. Предлог одлука за давање согласност за формирање на возрасни групи со повеќе или помалку деца во ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево за воспитната 2024-2025 година;
10. Предлог одлука за ослободување од партиципација на ромски деца во социјален ризик за престој во ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево за воспитната 2024-2025 година;
11. Предлог одлука за давање согласност на иницијатива за изработка на Урбанистички проект за инфраструктура за линиска инфраструктурна градба;
12. Предлог одлука за усвојување на Годишен план за вработување во JKП ,,Комуналец,, – Пехчево за 2025 година;
13. Предлог одлука за усвојување на шестмесечен извештај за финансиското работење на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за период од 01.01.2024 до 30.06.2024 година;
14. Предлог одлука за усвојување на Извештај за извршени работи во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за период јануари – јуни 2024 година;
15. Предлог одлука за преотстапување на канализационен систем во село Чифлик, од страна на Советот на општина Пехчево на ЈКП ,,Комуналец“ – Пехчево;
16. Предлог одлука за доделување на благодарници по повод ,,7-ми Септември”- Денот на ослободувањето на Пехчево за 2024 година;
17. Барање од граѓани;
18. Советнички прашања;