Општина Пехчево ги поканува угостителите да бидат дел од најреномираната
културна манифестација во Малешевијата и поширокиот регион, 12-то издание на
Фестивалот на дувачки оркестри – Пехчево 2022.
За таа цел , Општината ги информира и повикува сите заинтересирани
угостители од Пехчево и цела Македонија, да поднесат барање за закуп на простор на
плоштадот Св. Петар и Павле во Пехчево. Барањата можат да се поднесат во периодот
од 01.07.2022 до 05.07.2022 во просториите во Општина Пехчево.
Доделувањето на парцелите ќе се дава по одредена фиксна цена определена
– донесена со Одлука од страна на Советот на општина Пехчево, број 08-780/1 од
14.06.2022 година. Право на приоритет на добивање на локација ќе имаат
сопствениците на угостителските објекти пред нивните локали. Другите локации
ќе се доделуваат по принципот на слободни локации со приоритет согласно
времето на пријавување и плаќање на надоместокот.

Цените на парцелите се следните:
– Парцела КИТ-ГО со П=140м 2 по цена од 150ден/m 2 за ден;
– Парцела Лепак со П=120m 2 по цена од 150ден/m 2 за ден. Оваа парцела е пред
Комерцијална банка, па поради тоа влезот пред банкоматот не смее да биде
затворен;
– Парцела Меанче со П=120m 2 по цена од 150ден/m 2 за ден;
– Парцела бр.1 со П=156m 2 по цена од 100ден/m 2 за ден;
– Парцела бр.2 со П=120m 2 по цена од 100ден/m 2 за ден;
– Парцела бр.3 со П=120m 2 по цена од 70ден/m 2 за ден;
– Угостителите кои закупиле простор на плоштадот и во Централен регистар
ги исполнуваат условите за служење на храна, ги следува до 10м 2 простор за
скара бесплатно. Со купени 2 парцели простор на плоштадот следуваат 20м 2
простор за скара бесплатно.
– Угостителите кои не закупиле простор на плоштадот , а сакаат да земат
простор за скара треба да уплатат 5,000 (пет илјади денари) од ден, за простор
за скара од 10м 2 .
– Парцела (паркинг плац) со П=360м 2 по цена од 50ден/м 2 за ден.
– Парцелите од бр.1 до бр.41 на паркинг плац по цена од 50ден/м 2 за ден.
Барањето може да се пополни во локалната самоуправа на пријавниците или
може да се симне од веб страницата на Општината, www.pehcevo.gov.mk.
Фестивалот ќе се одржува од 13 јули до 16 јули, веќе е договорен настапот на
познати македонски естрадни звезди, а за Павловден, кога е и празникот на градот ќе
биде организиран и традиционалниот етно – саем.

Со почит,

Download (PDF, 57KB)

Општина Пехчево © 2013 - 2020 Сите права се задржани | Hosting and Development by MSP Myserverplace